СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ

Побрзиот раст носи повеќе работни места во земјите од Западен Балкан

6 Април 2017


Скопје, 6 април 2017 година – Земјите од Западниот Балкан растат со побрз чекор отколку во 2015 година, со тоа што регионалниот раст е предвиден на 2,8 проценти во 2016 година односно 3,2 проценти во 2017 година, според најновиот Редовен економски извештај на Светската банка за Западен Балкан (ЗБРЕИ)*. Забрзаниот раст во Албанија и Србија го надомести послабото ширење во Црна Гора и Република Македонија, додека пак иако растот во Косово забави во 2016 година, сепак оваа економија и понатаму забележува најбрз раст.

Табела 1.1. Позитивни изгледи за раст
(Раст на реалниот БДП, проценти)

 

2015

2016о

2017п

2018п

Албанија

2.6

3.2

3.5

3.5

Босна и Херцеговина

3.0

2.8

3.2

3.7

Косово

4.1

3.6

3.9

4.2

Република Македонија

3.8

2.4

2.8

3.3

Црна Гора

3.4

2.1

3.3

3.0

Србија

0.8

2.8

3.0

3.5

Западен Балкан

2.2

2.8

3.2

3.6

Извори: Податоци од народните банки и државните заводи за статистика, проценки и проекции на Светска банка.

 

Повеќето нови работни места и ниските цени придонесуваат за намалувањето на сиромаштијата во регионот, со тоа што просечните стапки на сиромаштија се намалија за скоро два процентни поени во Албанија, Македонија, Црна Гора и Србија во 2016 година, што заедно со други придобивки придонесе за извлекување на околу 240.000 луѓе од сиромаштијата во изминатите три години.

Закрепнувањето на растот во Западниот Балкан забрза во 2016 година, со охрабрувачки намалувања на невработеноста и сиромаштијата“, изјави Елен Голдстин, регинооален директор на Светска банка за Западен Балкан.  „Растот и вработеноста се зголемија, особено во земји кои остварија значителен напредок во намалувањето на фискалните дефицити, справувајќи се со наследството на голема и неефективна држава и подобрувајќи го опкружувањето за домашни странски инвестиции.“

И покрај ваквиот напредок, пазарот на трудот и понатаму претставува предизвик во земјите од Западен Балкан, со тоа што стапката на невработеност се движи околу 22 проценти во 2016 година.

Одржливите реформи беа делотворни во однос на привлекувањето на приватни инвестиции, стабилизирање на јавниот долг и зголемување на приходите на домаќинствата. Растот, како и надворешниот и фискалниот биланс на земјите кои ги одржаа реформите исто така се подобрени, со што се зајакна нивната отпорност на можни економски потреси.

Забележавме подобрување на фискалните биланси ширум регионот на Западен Балкан. Дел од земјите го остварија ова истовремено штитејќи односно зголемувајќи ги инвестициските трошења, што пак ќе придонесе за одржување односно забрзување на растот во иднина“, велат Екатерина Вострокнутова и Марко Хернандез, водечки економски и коавтори на извештајоѕ. „Други пак земји, ги намалија своите дефицити со намалување на инвестициите, иако ги зголемија платите, пензиите, трансферите и субвенциите.  Ова неповолно ќе влијае на идниот раст.“

Според извештајот, за одржувањето на растот во земјите од Западен Балкан и справувањето со тековните предизвици поврзани со невработеноста, земјите треба да продолжат по патот на реформите. Поконкретно, потребни се понатамошна фискална консолидација и структурни реформи во сите шест земји за да се подобри ефикасноста на јавните сектори и да се зголеми конкурентноста на нивните економии со цел да се унапреди развојот на приватниот сектор. Во извештајот се нагласува дека реформите треба да се фокусираат на областите на пазарите на трудот, деловното опкружување, ефикасноста на јавниот сектор и глобалната интеграција, но истовремено и да се осигури одржливата употреба на енергијата и природните ресурси.

***

*Порано познат како Редовен економски извештај за Југоисточна Европа (РЕИ за ЈИЕ)

 

Контакт за медиуми
Во Вашингтон
Џон Македон
jmackedon@worldbank.org
Во Македонија
Анита Божиновска
abozinovska@worldbank.org



СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ БРОЈ:
2017/ECA/104

Api
Api

Welcome