УДАРНА ТЕМА

Осигурување за иднината: Ублажување на влијанијата од природните катастрофи во Југоисточна Европа

20 Јануари 2015


Image

Лизгање на земјиштето во Босна и Херцеговина по невидените врнежи во месец мај. Во регионот се појавија над 3,000 свлечишта.

 

John Mackedon / World Bank

НАЈВАЖНИ НАСТАНИ
  • Во 2014 година растот на шесте земји во Југоисточна Европа беше блиску до нулата, се вели во најновииот Редовен економски извештај за Југоисточна Европа (РЕИ ЈИЕ).
  • Времето – особено невидените поплави во мај и останатите влијанија од претходни жестоки настани - претставуваше главен фактор кој го попречува растот во регионот, изложувајќи ја целата ранливост на овие економии од екстремните временски влијанија.
  • Овие настани ја истакнуваат важноста од проширување на осигурителните пазари за да се заштитат сопствениците на домови и бизнисите од природните катастрофи.

Со почетокот на 2015 година, повеќето од креаторите на политики во светот го вртат своето внимание кон минатата година – анализирајќи ги различните економски, социјални и политички трендови кои имаа најважно влијание во растот на нивните индивидуални земји и региони. Во голем дел од Југоисточна Европа, сликата  која се појавува е помалку позитивна од она што многумина се надеваа. Иако ограничен раст се очекува во неколку од шесте земји кои го сочинуваат регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ), стагнацијата и кратењето кај другите го попречија целиот регион – со раст за 2014 кој се очекува да достигне до 0,2% и за 2015 година се предвидени само 1,3%, се вели во најновиот Редовен економски извештај за Југоисточна Европа (РЕИ ЈИЕ).

Додека Албанија и Македонија имаа побрз раст во 2014 од 2013 година, растот во Косово и Црна Гора беше понизок од очекуваниот – иако се уште позитивен. Понатаму, стагнирањето во Босна и Херцеговина и негативниот раст во Србија – најголемата економија во регионот -  комбинирано го попречија региноалниот раст. Константно високата невработеност, ниската стапка на учество на работната сила и бавното креирање на формални работни места , сите заедно го попречија растот во 2014 година. Големиот и неефикасен јавен сектор продолжува да влијае врз растот во регионот и иако е напреавен прогрес во олеснување на оптоварувањето на инвестициската клима, сепак има простор за подобрувања.


Image

Отворете ја инфографиката во поголема димензија.  


" Временските услови беа значаен фактор кој влијаеше на регионоалниот раст во 2014 година. Поплавите и останатите природни катастрофи ја покажаа големата ранливост и неподготвеност на регионот за вакви настани“.  "

Галина Винселете

главен автор на најновиот РЕИ ЈИЕ


 И додека многу структурни предизвици како овие продолжуваат да претставуваат пречки за одржлив раст во регионот, друг, помалку предвидлив предизвик се појави во текот на 2014 година – кој значително го попречи растот во овие земји и во регионот во целина: временските прилики.

Екстремните временски неприлики, вклучително и разурнувачките поплави во мај, кои го погодија регионот во текот на 2014 година и негативно влијаеа врз скоро секој економски сектор во регионот – од земјоделство, до енергија, до туризам.

“Временските услови беа значаен фактор кој влијаеше на регионоалниот раст во 2014 година“, забележува Галина Винчеленте, главен автор на најновиот РЕИ ЈИЕ, “поплавите и останатите природни катастрофи ја покажаа големата ранливост и неподготвеност на регионот за вакви настани“.

Врнежите без преседан во месец мај резултираа со најлошите поплави кои регионот ги видел во последните 100 години. Во Босна и Херцеговина, во овие поплави загинаа 20 лица и се раселија 90,000 лица и резултираа со милијарди долари штета во целиот регион. Се проценува дека поплавите ја чинеа земјата околу 15% од БДП во загубено производство и штети. Во Србија, вкупните штети од овие поплави се проценети на околу 4,7%. Скоро секој сегмент од економијата имаше негативно влијание од овие поплави.   

Влијанијата од поплавата беа засилени од претходните временски настани во регионот, кои понатаму влошувајќи го негативниот ефект кои го имаа врз растот во 2014 година. Сушата во летото 2012 година и острата зима истата година, го попречија повеќе од вообичаено земјоделскиот сектор, го намалија производството на енергија, го попречија туризмот и го намалија градежништвото во регионот.

Жестокото влијание кои овие екстремни услови го имаат врз економиите во регионот, ја истакнуваат севкупната економска ранливост на овие земји.Креаторите на политики во овие земји продолжуваат да откриваат начини  како да ги избегнат или како да ги ублажат овие шокови.

Дополнително на напорите за адаптација и ублажување – како што се заштита од поплави и инфраструктура отпорна на временски услови – најновиот РЕИ ЈИЕ ја открива важноста од проширување на осигурителните пазари во земјите од регионот за подобро да се заштитат сопствениците на домови и бизниси од природните катастрофи – особено во земјоделскиот сектор. Со тоа што најсиромашните домаќинства е најмногу веројатно дека работат во земјоделството и живеат во рурални области, потребата од механизми за да се заштитат од шоковите кои ги носат поплавите, сушите и топлотните бранови, се уште повеќе потребни. 

Иако околу 40% од населението во Албанија и 20% во Босна и Херцеговина и Србија работат во земјоделството, осигурителните стапки за планови кои штитат од временските услови и други временски непогоди, се драстично мали помеѓу ова население. Во Македонија само 4% од регистрираните земјоделци ги осигуруваат своите посеви од опасности врзани со временските услови. Во Косово, осигурителните компании претставуваат само 3% од вкупните средства на финансискиот систем, додека во Босна и Херцеговина тие изнесуваат само 5%.

Со економски раст од околу или над 3% во Албанија, Косово, Македонија и Црна Гора во 2015 година, оваа нова година регионот на Југоисточна Европа може полека да излегува од стагнацијта. Дополнително од осврнувањето кон тековните проблеми со високата невработеност, забавеното креирање работни места и поттикнување на продуктивноста на домашните компании, сепак креаторите на политики мора да обрнат внимание кон неочекуваните закани – како што се поплавите, сушите и другите природни катастрофи. Дополнителните иницијативи за ублажување и адаптација во овие шест земји, со механизми како што се осигурувањто – особено помеѓу најранливите во регионот – може да допринесе во спречување на следна катастрофа. Овие механизми може драстично да помогнат во напорите за закрепнување на терен, ако и кога следните временски шоково се случат. 


Api
Api