Skip to Main Navigation
СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ 27 Ноември 2018

Лидерите се обврзаа за развој на високо квалитетни информации со цел помош во поттикнување на економскиот развој

ВИЕНА, 27 ноември 2018 година – Околу 300 делегати, вклучувајќи министри за финансии, високи владини експерти и претставници на бизнисот, на професионалната и на академската заедница се собраа денес да ја разгледаат улогата што ја играат финансиските информации за поддршката на економскиот развој, на регионалната и глобална интеграција на економиите и за приближувањето на приходите и животниот стандард помеѓу посиромашните и побогатите земји. Конференцијата се одржа под покровителство на австриското претседателство со Советот на Европската Унија и беше организирана од Центарот за реформа на финансиското известување (CFRR) при Светска банка.

„Европската Унија нуди моќни примери како економската интеграција може да помогне во придвижување на растот во посиромашните и поновите земји членки. Иако интеграцијата може да им помогне на овие земји во поттикнување на своите приходи и животен стандард, приближувањето до побогатите економии не е автоматско.“ рече Сирил Мјулер, потпретседател на Светска банка за Европа и Централна Азија. „Креаторите на политиките, низ транспарентни и ефективни јавни иницијативи за градење вештини и конкурентност, мора да им овозможат на своите граѓани и претпријатија да бидат конкурентни. Високо квалитетните финансиски информации, како за јавниот така и за приватниот сектор, може да им помогнат на властите отчетно и ефикасно да ги испорачаат овие иницијативи, истовремено подобрувајќи го пристапот до финансирање.“

Обраќајќи ѝ се на публиката во име на австриското претседателство со Советот на Европската Унија, Хартвиг Легер, министер за финансии на Австрија рече: „како долгорочен партнер на ЦФРР, австриската влада со одушевување го следи големиот интерес и постојаното ниво на посветеност од земјите што се присутни денес, за постигнување реформи на нивните системи за финансиско известување како во јавниот така и во приватниот сектор. Австриското министерство за финансии придонесува кон унапредувањето на поблиската интеграција на нашите соседи преку поддршка на избрани програми на Групацијата Светска банка што се фокусираат на регионот ЕЦА, а особено на Западен Балкан.“

Учесниците на конференцијата дискутираа како земјите можат да ја стекнат довербата на своите граѓани преку зајакнување на нивните институции и создавање регулативно опкружување што овозможува фер и отворена конкуренција; ги намалува непотребните оптоварувања на бизнисот, особено на малите и средните претпријатија; го олеснува пристапот до финансирање и ефикасно ги испорачува потребните јавни услуги. Ефективниот финансиски менаџмент и доброто управување како во приватниот така и во јавниот сектор, помага институциите да станат потранспарентни, поотчетни и подоверливи. 

Креаторите на политиките се свесни за нивната улога во прифаќањето и спроведувањето на ефективни законски рамки и регулативи. Панел дискусијата на високо ниво со министрите за финансии на Косово и на поранешната Југословенска Република Македонија ги потврди главните пораки на конференцијата и разгледаните конкретни иницијативи што се во тек.

Говорејќи за најновите искуства на неговата земја, Бедри Хамза, министер за финансии на Косово, рече: „преформулирањето на законот за сметководство, ревизија и финансиско известување на начин што ги отсликува локалното опкружување и локалните услови е огромно постигнување за Косово и постојано се вложуваат напори за зајакнување на капацитетите на косовската Надзорна институција и за воспоставување систем за обезбедување на квалитетот.“

Драган Тевдовски, министер за финансии на поранешната Југословенска Република Македонија, нагласи дека “земјата донесе ново законодавство за ревизија со кое се воспостави професионална институција на ревизори и се иницираше систем за обезбедување на квалитет за ревизорската професија што претставува одлично постигнување. Тековните измени на Законот за вршење на сметководствени услуги и работата за зајакнување на капацитетот на Институтот на сметководители и овластени сметководители е високо на нашата листа на приоритети со интенција за значително подобрување на квалитетот на финансиските информации во нашата земја.“

Во дискусиите се разгледа и влијанието на дигиталните иновации врз генерирањето, споделувањето, потврдувањето и користењето на финансиските информации како и новите можности за поголема транспарентност и отчетност во јавниот и во приватниот сектор и улогата што ја играат меѓународните стандарди во економската и финансиската интеграција. 

*Овој настан е организиран како дел од програмите за сметководство и известување во јавниот сектор (ПУЛСАР), Пат до Европа: Програма за реформа на сметководството и зајакнување на институциите (ЕУ-РЕПАРИС) и Зајакнување на ревизијата и известувањето во земјите од источното партнерство (СТАРЕП). Овие програми се поддржани од Европската Унија, од Австриската развојна агенција, австриското федерално Министерство за финансии и од швајцарскиот Секретаријат за економски прашања. Со регионалните програми се поддржува подобрувањето на практиките за финансиско известување во приватниот и во јавниот сектор во земјите од Западен Балкан и од Источното партнерство на ЕУ. Министерската конференција се одржа еден ден по работилницата на претставниците од Западен Балкан и од Источна Европа на која се разгледуваше напредокот на реформите и наученото во областа на финансиското известување.  

За повеќе информации за Центарот на Светска банка за реформа на финансиското известување (ЦФФР)

www.worldbank.org/cfrr

За повеќе информации за работата на Светска банка во регионот во развој Европа и Централна Азија:

www.worldbank.org/eca

За повеќе информации за Светските практики за управување на Светска банка:

www.worldbank.org/en/topic/governance


СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ БРОЈ: 2019/088/GOV

Контакт

Виена
Рајнхард Хаслингер
+43 (1) 2170-711
rhaslinger@worldbank.org
Вашингтон
Ребека Пост
+1 202-473-1964
rpost@worldbank.org
Api
Api