СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ

Потребни се реформи за ребалансирање на финансиите во Западен Балкан, се вели во новиот извештај на Светска банка

16 Јануари 2017


Виена, 16 јануари 2017 година – Креаторите на политики од Западен Балкан треба да ги ребалансираат нивните финансиски сектори со цел да обезбедат долгорочен раст во регионот, се вели во новиот извештај на Светска банка. Според извештајот насловен Ризици и придобивки: Управување со финанскиски предизвици за инклузивен раст во Европа и Централна Азија, презентиран на настан одржан денес во Виена,  преголемото потпирање на банкарските кредити придонесе кон недоволно развиени пазари на капитал и голем број на нефункционални кредити во регионот.

Извештајот тврди дека развојот на финансискиот сектор не треба да се потпира само на подобрување на пристапот до банкарски кредити, туку да им дозволи на финансиските системи да се развијат балансирано, како кај банкарските така и кај небанкарските финансиски подсектори – особено пазарите на капитал и осигурување – со цел да обезбедат инклузивен раст во Европа и Централна Азија (ЕЦА).

„Иако во регионот е забележан прогрес по почетокот на глобалната финансиска криза, финансискиот сектор може да направи многу повеќе кон поддржување на можностите за одржлив и еднаков раст“, забележува Евалд Новотни, Гувернер на Националната банка на Австрија и домаќин на настанот. „Извештајот ги анализира главните димензии од финансискиот развој за поддршка на инклузивниот раст и нуди широка стратегија за имплементирање на реформи во финансискиот сектор во земјите од Западен Балкан и во регионот на ЕЦА“.

Настанот се фокусира на специфичните предизвици во земјите од Западен Балкан, со присуство на високи претставници, вклучително и Гувернерите на централните банки од Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија.

Во земјите од Западен Балкан, 16 проценти од кредитното портфолио е нефункционално – и се меѓу нависоките во светот. Исто така, во рамките на ЕЦА регионот пошироко, само околу 38 проценти од возрасните користат производи за штедење – споредено со 54 проценти во развиениот свет – и само неколку проценти користат осигурителни производи. Недовербата во банките, исто така е повисока споредено со било кој друг регион во светот.

„Надминувањето на недовербата и зголемување на разновидноста на финансискиот систем во регионот е клучна за одржлив и инклузивен раст. Тоа бара понатамошна меѓународна соработка, бидејќи разновиден и стабилен финансиски систем бара поголем обем од оној кој индивидуалните земји од регионот можат да го обезбедат“, вели главниот економист за Европа и Централна Азија (ЕЦА), Ханс Тимер.

За да се обезбеди одржлив и инклузивен раст, извештајот тврди дека земјите од регионот треба да го балансираат финансискот развој долж следните мерки:

  • Стабилност (на пр. справување со нефункционалните кредити и намалување на волатилноста кај приватните кредити)
  • Ефикасност (на пр. намалување на  режиските трошоци и нето каматните маргини на средствата)
  • Инклузија (на пр. зголемено користење на производите за штедење и осигурување)
  • Длабочина (на пр. развој на пазарите на капитал и диверзификација на финансискиот систем)

„Земјите од Западен Балкан најдобро може да напреднат преку поголем фокус во подобрување на финансиската ефикасност, зголемување на штедните влогови и развој на пазар на капитал“, забележува Елен Голдстин, директор за регионот на Западен Балкан при Светска банка.

Извештајот укажува дека во текот на 90-те години, земјите од ЕЦА регионот се определија за модел на брз финансиски развој, фокусиран врз проширување на банкарското кредитирање, често финансирано од странски капитал. Овој модел помогна во зајакнување на финаксиската инклузија на компаниите и домаќинствата – но, истовремено беше придружен со мала финаскиска ефикасност и зголемена ранливост. Следствено на тоа, регионот се соочи со две големи банкарски кризи, првата во доцните 90-ти години и втората во 2008-та година.

Контакт за медиуми
Washington
John Mackedon
jmackedon@worldbank.org

СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ БРОЈ:
2017/ECA/072

Api
Api