Виена, 8 април 2016 година – Земјите од Југоисточна Европа (ЈИЕ6)[1] во 2015 во просек е предвидено дека имале раст од 2,1 проценти. Овој раст е значително повисок од 0,3 проценти растот во 2014 година, кога регионот беше сериозно погоден од рекордните поплави. Сите шест земји од регионот сега е предвидено дека имаат позитивен раст на БДП, со предвиден раст во Косово и Македонија од 3,6 и 3,7 проценти, соодветно. За Србија, земјата која во 2014 година беше најмногу погодена од поплавите, растот изнесува 0,8 проценти, кој е повисок од првично предвидениот.
Повисокиот раст во 2015 година создаде нови работни места во приватниот сектор, што е добредојдено. Новите работни места и пониската инфлација ги зголемија приходите на домаќинствата и ја намалија сиромаштијата. Во Албанија, Македонија, Црна Гора и Србија, просечната стапка на сиромаштија се намали за 2 проценти помеѓу 2013 и 2015 година, што значи дека околу 140,000 лица во овие четири земји излегле од сиромаштијата. И покрај зголемената економска активност и новите вработувања, кои конечно соодветствуваат со економскиот раст, просечната невработеност во регионот останува висока, со просек од 21,5 проценти.
Забележителното заживување на инвестициите го поддржа економскиот раст, особено приватните инвестиции – и домашни и странски. Извозот, исто така помага во поттикнување на овој раст. Домашната потрошувачка, иако се’ уште важен економски двигател во регионот, беше надмината од овие два извори на раст во повеќето земји. Оваа промена од потрошувачка поттикната од дознаките, кон приватни инвестиции и извоз, покажува почетен напредок кон постепен, но потребен ребаланс на изворите на раст.
“Охрабрувачки е да се видат првите знаци на промена кон инвестиции и раст предводен од извоз во земјите од ЈИЕ6“, вели Елен Голдстин, регионален директор во Светска банка. “Овој ребаланс мора да биде одржлив на долг период преку продлабочување на економските реформи и враќање од падот на продуктивноста поради глобалната криза“.
Подобрување на продуктивноста останува клучна за поттикнување на растот во регионот. Според извештајот, одржлив раст може да биде постигнат преку фокусирање на долгорочна агенда поставена на пет столба. Поточно, елиминирање на дестимулативните мерки и бариери за формално вработување, подобрување на бизнис климата и управувањето, намалување на големината на владата, истовремено подобрувајќи го квалитетот на услугите за граѓаните, продлабочување на трговијата и финансиската интеграција, и обезбедување на одржливо искористување на природните ресурси.
Иако знаците од обновените инвестиции и раст се поволни, сепак остануваат значителни ризици. Слабото закрепнување во Европа и во светот, поголемата надворешна нестабилност на финансиските пазари, и промените во цените на нафтата носат ризици за изгледите на регионот. Големиот дел на нефункционални кредити може исто така да го намали идниот кредитен раст. Одржлива имплементација на економски реформи ќе помогне во ублажување на овие ризици за закрепнувањето.
[1] ЈИЕ 6 се Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија.
Контакт:
Сараeво: Јасмина Хаџић, (+387-33) 251-502, jhadzic@worldbank.org
Белград: Весна Костић, (+381-11) 302-3723, vkostic@worldbank.org
Тирана: Ана Гјокутај, (+355-4) 80-655, agjokutaj@worldbank.org
Приштина: Лундрим Алиу, (+381-38) 224-454 #107, laliu1@worldbank.org
Подгорица: Јасмина Хаџић, (+387-33) 251-502, jhadzic@worldbank.org
Скопје: Анита Божиновска, (+389-2) 3117-159, abozinovska@worldbank.org
Вашингтон: Елена Карабан, (+1-202) 473-9277, ekaraban@worldbank.org