СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ

Постигнување зелен раст во Република Македонија

25 Јуни 2014


Светска банка ја презентира својата Проценка на зелениот раст во Република Македонија

СКОПЈЕ, 25 јуни 2014 година – Денес, Светска банка ја презентираше својата Проценка на зелениот раст во Република Македонија, извештај кој има за цел да ја дефинира рамката на патеката на зелениот раст и почетните чекори на земјата по таа патека.

Според неодамнешниот водечки извештај на Светска банка, Инклузивен зелен раст: Патот до одржлив развој, зелениот раст е „раст кој ефикасно ги користи природните ресурси, кој е чист со тоа што го минимизира загадувањето  и влијанието врз животната средина и е отпорен бидејќи ги зема предвид природните ризици и улогата на управувањето со животната средина и природниот капитал во спречувањето на физичките катастрофи.

Според денес презентираната Проценка за зелениот раст на земјата, иако повеќето земји би можеле да се согласат дека таквиот раст е вредна цел, определувањето на патеката на зелениот раст за одредена земја би можело да значи голем предизвик. Зелениот раст попрецизно може да се дефинира како економски раст со поодржливо користење на природните ресурси (минерали, вода и чист воздух и биодиверзитет) со соодветно земање предвид на ублажувањето на емисиите на стакленички гасови, со посветување внимание на прилагодувањето на промените на климата и со поголем фокус на иновациите и зелените работни места за да се подобрат придобивките што произлегуваат од технолошките иновации и новите индустрии поттикнати од преминот кон зелен раст.

Во овој извештај се користи практичен пристап за утврдување на конкретните предизвици и шанси со кои се соочува Република Македонија во градењето на нејзината иднина со зелен раст и тие се презентираат во форма која е корисна за оние што ги донесуваат одлуките. Овој извештај се однесува на ублажувањето, прилагодувањето и најдиректно на прашањето на одржливоста на ресурсот – чист воздух.

„Светска банка во Македонија прави нешто посебно“, вели Ерика Јоргенсен, водач на тимот на програмата и коавтор на извештајот. „Му пристапуваме на зелениот раст на еден сеопфатен начин и развиваме методологија за да разбереме не што имаме денес туку размислуваме што ќе се случи во земјата за 40 години.“

Македонската економија продолжува да се развива со тековните програми за структурни реформи за да се подобри растот и конкурентноста и со сè поголемо приближување до Европа. Одот на земјата кон Европа веќе бара повеќе да се фокусира на прашањата на животната средина.

Со оваа Проценка на зелениот раст во Република Македонија  се дефинира патеката на растот до 2050 година, фокусирајќи се на климатските активности. „Кај оваа програма за Македонија, како и за повеќето земји, централно место имаат климатските активности,“ вели регионалниот директот на Светска банка за Југоисточна Европа, Елен Голдстин. „Светска банка цврсто верува дека климатските промени се основна закана за развојот и за борбата против сиромаштијата.“

Според овој извештај, додека се справуваат со денешните економски предизвици, креаторите на политиките треба да мислат на долг рок, како на веројатното влијание на климата што се менува врз водата, земјоделството и инфраструктурата така и на сè поголемите обврски за ублажување на емисиите на стакленички гасови, особено од енергијата и транспортот. Овие прашања се особено важни за одлуките во врска со инфраструктурата со долг животен век како што е снабдувањето со електрична енергија, наводнувањето или градските улици, водоснабдувањето и канализацијата. Со иновативното моделирање на водата, како ограничување за растот со промената на климата кон потопла и посува, се квантифицираа тешките отстапки што ќе бидат потребни за да се направи рамнотежа помеѓу конкурентските барања на земјоделството, електроенергетскиот сектор и општините и индустријата. Позелениот енергетски сектор бара агресивни мерки за енергетска ефикасност со зајакнување на сигурноста на снабдувањето и намалување на емисиите на стакленички гасови.

Во извештајот се препорачува дека се потребни значителни инвестиции во железничкиот и во јавниот превоз за да се поддржи растот и да се намалат емисиите. Мора да се запре сè поголемата енергетска интензивност во урбаните области, движена од масовниот развој на едносемејни куќи што користат дрва за греење и на приватните возила за движење низ градовите. Било која патека на зелен раст мора да се справи и со штетното загадување на воздухот во земјата чие намалување ќе даде големи локални придобивки за здравјето на населението во Македонија.



Контакт за медиуми
Скопје
Анита Божиновска
tel : +389 2 3117 159
abozinovska@worldbank.org
Во Вашингтон
Кристин Шредер-Kинг
tel : +1 (202) 458-2736
kschrader@worldbank.org



СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ БРОЈ:
2014/PR/MK

Api
Api

Welcome