Со излегувањето од рецесија на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија – шесте земји кои го сочинуваат регионот на Југоисточна Европа – тие сега се подготвени да започнат одново да го градат економскиот раст во регионт. Иако економскиот раст е предвиден да биде само 1,8% во 2014 година, сепак овој скромен раст ќе помогне во намалување на невработеноста, зголемување на извозот и намалување на инфлацискиот притисок во сите шест земји. И додека регионот споро го поминува патот кон закрепнивање, еден од главните предизвици кои се појавува за креаторите на политиките е осигурување дека сите следни иницијативи креирани да го искористат растот, се сеопфатни – зголемено споделување на просперитетот за целото население во регионот.
Економскиот раст е основа за намалување на сиромаштијата и споделување на просперитетот во регионот, но раст од кој имаат корист само делови од населението не е одржлив и може да го ограничи потенцијалниот долгорочен раст во една земја. Додека растот на потрошувачката помеѓу оние кои ги сочинуваат долните 40% од потрошувачката во шесте земји на регионот на ЈИЕ беше променлива, севкупно гледано, оваа претстава на раст во просек се намали во споредба со многу други соседни земји во регионот на Европа и Централна Азија. Со цел да се промени овој тренд, моментално се подготвуваат нови иницијативи кои ќе им помогнат на креаторите на политики во регионот во развивање програми и политики кои се посеопфатни и способни да ја поттикнат благосостојбата на ранливата популација во регионот.
Сепак, од клучно значење за развојот на вакви иницијативи е големото разбирање на специфичните двигатели за споделување просперитет во овие шест земји, како целина. Ова испитување е движечка сила позади новиот документ кој ги идентификува тие двигатели и истакнува специфичние политики и препораки за креирање соодветни интервенции во регионот, кои можат да поттикнат поголемо споделување на просперитетот – особено помеѓу најсиромашните 40 %.
Новиот документ, Првични видувања во промовирање на споделен просперитет во Југоисточна Европа, обезбедува дијагностика за тоа како регионот помина во промовирање споделен просперитет и истражува патеки – заедно со различни димензии – кон споделен просперитет.
“Со поттикнување на споделениот просперитет, ние може ефиктивно да придонесеме за целокупниот раст во регионот“, забележува Галина Андронова Винчеленте, главен економист во Светска банка и ко-автор на документот, “но, за да ги постигнеме посакуваните резултати, потребни ни се повеќе податоци и анализи. Ова преставува само прв чекор во долго патување.“
Извештајот презема пристап базиран на средства во собирање и анализирање на овие специфични податоци, применувајќи микроекономска рамка за развој на политики кои ги разгледуваат средствата на домаќинствата, интензитетот на користење (и краен поврат) на тие средства и влијанието на јавните и приватни трансфери за тие домаќинства. Овој пристап открива дека најсиромашните 40% од населението во регионот не само што имаат помалку средства – вклучувајќи образование и заштеда – но, тие исто така ги користат тие средства со помал интензитет и добиваат помалку поврат од користењето на истите. Извештајот, исто така, открива дека оваа група е поранлива на шокови, кои понатаму ги намалуваат нивните шанси да акумулираат средства и да го зголемат нивниот продуктивен капацитет на долг рок.