Learn how the World Bank Group is helping countries with COVID-19 (coronavirus). Find Out

УДАРНА ТЕМА

Повеќе реформи за зајакнување на кревкото закрепнување на југоисточна Европа

18 Јуни 2013


Image

НАЈВАЖНИ НАСТАНИ
  • Шест земји од југоисточна Европа (ЈИЕ) излегуваат од двојната рецесија и се очекува регинален раст од 1,7 проценти
  • Редовниот економски извештај ги анализира еконономските прогнози за регионот во 2013 година и нуди увид и препораки за реформи и политики за одржување и зголемување на растот во земјите
  • Три главни области за реформи кои ќе помогнат за регионот се: продолжување на фискалната консолидација, подобрување на бизнис климата и решавање на јазот со вештините



По двојната рецесија во регионот на југоисточна Европа (ЈИЕ) во 2012 година, кој се соочи со намален раст од околу 0,6 проценти, шесте земји во регионот – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија- сега очекуваат раст од 1,7 проценти во 2013 година. Иако кревок, овој раст е секако позитивен за регионот, каде Косово очекува раст од над 3 проценти, а Србија – најголемата економија во регионот –очекува раст од 2 проценти, со што означуваат раст во регионот и ја поставуваат тенденцијата за континуиран раст во 2014 година и пошироко.

Останува прашањето како да се одржи и да се помогне во зајакнување на овој раст и да се осигура дека овие земји нема да го следат економскиот тренд од минатото со враќање во рецесија. Со споро кредитно заздравување во регионот, продолженото раздолжување и Евро зоната која најверојатно ќе остане во рецесија во текот на 2013 година, силно заздравување на краток рок останува неостварливо и грижата за одржување на овој раст останува голема. Високата стапка на невработеност од скоро 23% во регионот и стапката на невработеноста кај младите која е над 50% во Македонија и Србија, исто така ги намалуваа проспектите за натамошен раст. Работните места не се креираат доволно брзо за да ги прифатат новите учесници во работната сила.


" Претходниот Редовен Економски Извештај (РЕИ) ја истакна потребата на овие земји за реформи во бројни структурни дејности. Сега има потреба од удвојување на напорите преку разгледување на бизнис опкружувањето – отстранување на бариерите и подобрување на работите, како градежните дозволи – и решавање на јазот со вештините. "

Aбебе Aдуња

главен економист, Светска банка

Аналитичари и експерти во Групацијата Светска банка работат со креаторите на политики и се вклучени во политичкиот дијалог со чинителите во регионот за да помогнат во справување со овие тешки прашања. Како дел од овие напори, последниот Редовен економски извештај на југоисточна Европа (РЕИ ЈИЕ) е објавен на 18 јуни. Извештајот го анализира моменталното економско опкружување во регионот и испитува бројни потенцијални области за реформи. Во рамките на овие реформи, кои може да имаат значително влијание врз економскиот раст во регинот, според извештајот, се продолжување на фискалната консолидација, подобрување на бизнис климата во секоја до шесте земји и решавање на тековните несогласувања со вештините.

“Претходниот Редовен Економски Извештај (РЕИ) ја истакна потребата на овие земји за реформи во бројни структурни дејности“, вели Абебе Адуња, главен економист за регионот на Европа и централна Азија во Светска банка и ко-автор на извештајот, “сега има потреба од удвојување на напорите преку разгледување на бизнис опкружувањето – отстранување на бариерите и подобрување на работите, како градежните дозволи – и решавање на јазот со вештините“.

Според претходниот РЕИ, објавен во декември 2012 година, слабиот раст, зголеменото задолжување и тековната финансиски и социјални пропусти го направија регионот особено подложен на тековните економски шокови. Како и со тој извештај, последниот РЕИ ги испитува тековните фискални реформи, кои може да помогнат во решавање на тие пропусти и подобрување на финансискиот сектор во сите шест земји на регионот. Сите овие земји направија значителен прогрес во секторот за финансиски реформи во последните две години, но се уште има многу да се направи. Сеопфатни мерки – кои ќе помогнат во намалување на високото ниво нефункционални кредити во регионот – треба да бидат приоритет. Реформи во банкарскиот сектор, кои ја истакнуваат зголемената координација со регулаторите од Европската унија се неопходни компоненти на реформата, како што е и подобрувањето на заштитата на осигурување на депозитите. Дополнително, прочистување на рамката за управување со кризи – која ќе ги подготви властите во регионот за бројни негативни сценарија – ќе има помогне на земјите против тековните економски шокови во регионот.

Земјие во регионот на ЈИЕ исто така може да го зголемат влијанието креирано од овие фискални реформи преку нивно дополнување со реформи во бизнис климата. Извештајот бележи дека помалку оптоварувачко регулаторно опкружување може да им помогне на компаниите во регионот за значително подобрување на вработеност и профитот. Овие економски подобрувања понатаму може да бидат зајакнати со поголема конкуретност, пристап до високо квалитетна инфраструктура и зголемена ефикасност на судовите во овие земји. Со намалување на бариерите за креирање на бизнис и подобрување на целокупната бизнис клима во регионот, овие земји може да направат добра основа за зголемена вработености и раст на долг рок.

Конечно, со спојување на овие реформи насочени кон подобрувње на краток рок со оние кои се решенија за долгорочни структурни проблеми, земјите во ЈИЕ може да помогнат во обезбедување на целокупна одржливост на растот во регионот. Главна меѓу сите овие долгорочни решенија е потребата за решавање на јазот со вештините во регионот.

“На долг рок, регионот ќе се соочи со сериозни демографски предизвици“, забележува Адуња, “треба да постои нов акцент врз вештините – преку обезбедување дека учесниците во работната сила одговараат на потребите на пазарот. Со цел тоа да се направи, овие земји треба да дадат приоритет на образованието, тренингот и доживотно учење.“

Извештајот покажува дека подобрување во вработувањето во регионот бара шесте земји да го подобрат квалитетот на нивните образовни системи. Бидејќи системот на образование не се адаптира за да одговара на барањата на работна сила, јазот на вештините започнува да ја ограничува вработеноста и на младите и на постарите работници. Ова особено е проблем во Косово и Албанија, каде повеќе од 70 проценти од компаниите во овие земји забележуваат недостаток од вештини помеѓу вработените, што преставува пречка за раст. Преку развивање систем кој ќе нуди потребни вештини потребни за нови работни места –преку акцент на аналитичките вештини над меморирањето – овие земји може да заполнат со менување на барањата на сегашниот и идниот пазар на труд. Овие подобрување може да се засилат со систем, кој нуди продолжено образование и можности за образование на возрасни.

Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија сега излегоа од двојната рецесија и се подготвуваат за економски раст во 2013 и 2014 година. Прекинувањето  на скорешниот тренд да  растот биде проследен со пад, е од клучно значење за долгорочно економско заздравување во регионот. Преку давање приоритет на реформите, креаторите на политики може да одат далеку во обезбедување дека негативниот тренд е прекинат, подготвувајќи ја сцената за робустен раст на приходите, вработувањето и можностите на западен Балкан.


МУЛТИМЕДИЈА

Api
Api