Подобрување на општинските услуги во Македонија

23 Јуни 2014


World Bank Group

Земјоделецот Трајчо Проданов се враќа секое попладне во неговиот дом во македонското село Чанаклија, по многу часови работа на неговото поле.

Секој момент на работа претставува многу потребна заработувачка, па затоа тоа што веќе не треба да се грижи за полнење вода за неговиот дом претставува големо олеснување, вели тој.

“Кога немавме водоводен систем, моравме да ја напуштаме работата за да полниме вода. Од минатата година, дома имаме вода. Тоа ни заштедува многу време. Тоа е живот. Може да имаме вода кога сакаме“, вели тој.

Проданов и други жители на селото имаа корист од програмата за општински услуги, преку која се изгради водоводен систм во нивниот регион во Македонија.


Image

Земјоделците, како Трајчо Проданов, не треба повеќе да носат вода, откако е инсталиран систем за водоснабдување преку програмата за општински услуги.


Photo/World Bank

Водоводниот систем беше финансиран преку под-заем на локалната општина, како дел од владината програма насловена “Проект за подобрување на општинските услуги“.

“Сега може да се одмориме и работиме нешто друго. Претходно, не можевме бидејќи моравме да собираме вода и губевме многу време. Беше многу тешко“, вели Божана Лазарова, која живее во Чанаклија со нејзините деца и внуци.

Во рамките на проектот поддржан од страна на Светска банка, повеќе од 30 општини во Македонија потпишаа заеми за инвестиции во приоритетни дејности, како што се водоснабдување, енергетска ефикасност, канализација и други јавни услуги.


" Сега може да се одмориме и работиме нешто друго. Претходно, не можевме бидејќи моравме да собираме вода и губевме многу време. Беше многу тешко. "

Божана Лазарова

Жител на Чанаклија

Image

Искористување на општинските инвестиции: Божана Лазарова, село Чанаклија.

Photo/World Bank

Во селото Моноспитово, локалната самоуправа искористи заем од проектот за подобрување за финансирање изградба на мал, но особено важен мост.

Пред изградбата на новиот мост, земјоделците од Моноспитово велат дека претходно требале да патуваат повеќе од еден час од најблискиот мост за да стигнат до своите полиња, оранжерии и пазари на другата страна на реката. Сега им се потребни неколку минути.

“Тоа е особено важно, бидејќи селото Моноспитово има земјиште на другата страна од реката, кое е плодно и потребен е брз пристап до него“, вели локалниот земјоделец, Васил Бонев.

И Горанчо Чорев, уште еден земјоделец од Моноспитово, вели дека со новиот мост “транспортот на стока сега е побезбеден и нашите продукти сега не се оштетуваат и расипуваат за време на транспорт“.

И Бонев и Чорев велат дека заштедата на време и гориво значат и зголемување на количеството зеленчук, овошје и останати прехрамбени продукти кои тие ги жнеат и продаваат на пазар, што води и до наем на повеќе работници!


Image

Пред изградбата на новиот мост, земјоделците од Моноспитово велат дека претходно требале да патуваат повеќе од еден час од најблискиот мост за да стигнат до своите полиња, оранжерии и пазари на другата страна на реката. 

Photo/World Bank
30
општини во Македонија потпишаа заеми за инвестиции во приоритетни дејности, како што се водоснабдување, енергетска ефикасност, канализација и други јавни услуги.
Извор »


МАПА НА ПРОЕКТИ