Learn how the World Bank Group is helping countries with COVID-19 (coronavirus). Find Out

СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ 14 Мај 2018

Претставниците на земјите од Западен Балкан се заложуват за подобрување на економските можности за жените

Виена, 14 мај 2018 година – Високи претставници од земјите на Западен Балкан се обврзаа за подобрување на родовата еднаквост со одобрување на коминике за подобрување на пристапот до економски можности за жените и девојките за време на работилницата организирана од Светската банка, која се одржа денеска во Виена. Коминикето се фокусира на подобрување на родовата еднаквост преку промовирање на подобар пристап до работни места и средства и способност на институциите да го следат напредокот во однос на родовата еднаквост.

„Важноста на зголемување на пристапот до можностите за жените во Западен Балкан е од клучно значење за растот, развојот и пристапот во ЕУ ", вели Линда Ван Гелдер, регионален директор на Светската банка за Западен Балкан. "Оваа агенда денес доби голема поддршка од страна на официјалните претставници од Западен Балкан, кои ветија дека ќе обезбедат повеќе жени да најдат вработување во високо квалификувани и подобро платени работни места. ".

Проценките покажуваат дека до 18 проценти од регионалниот БДП се губат поради родовиот јаз на пазарот на трудот. Девојките и жените во Западен Балкан, иако подобро образовани од порано, сѐ уште не учествуваат подеднакво на пазарот на трудот и, кога тие го прават, тие се со поголема веројатност да бидат вработени во ниско-квалификувани и ниско платени работни места. За време на работилницата насловена „Развивање на потенцијалот за економски раст во Западен Балкан преку подобрување на рамноправноста и родова еднаквост во пристапот кон економски можности“, владини претставници од шесте земји на Западен Балкан им се придружија на експертите на Светската банка и претставниците на меѓународните организации за да дискутираат за економските и социјалните трошоци од исклучувањето на жените. Исто така, беа дискутирани придобивките од промовирањето на еднаквоста во претприемништвото и пристапот до пазарот на трудот, како и следењето и евалуацијата на напредокот на родовите прашања.

Коминикето, кое беше усвоено денес ја потврдува посветеноста кон родова еднаквост која е во согласност со тековните напори за зајакнување на регионалната соработка на Западен Балкан и решавање на заедничките предизвици. Овие напори ќе вклучуваат взаемна соработка и следење на напредокот

Овие обврски се во согласност со Петте цели за одржлив развој (Sustainable Development Goal Five) за постигнување родова еднаквост и зајакнување на сите жени и девојки, како и Поглавјето 19 и Поглавје 23 од Acquis Communautaire на Европската унија (ЕУ) за Вработување и фундаментални права и пристап до правда. Сите шест земји од Западен Балкан се сметаат за земји кандидати или потенцијални земји кандидати на нивниот пат кон ЕУ. Светската банка ќе ја продолжи соработката со Европската комисија, UN Women, GiZ и Агенцијата за развој на Франција (AFD) и останатите партнери во поддршка на агендата за родова еднаквост во Западен Балкан, или преку аналитичка работа, дијалог или оперативен ангажман.


СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ БРОЈ: 2018/ECA/113

Контакт

Washington
Kym Smithies
ksmithies@worldbank.org
Api
Api