СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ

Изјава на Светска банка поврзана со Вториот Проект за подобрување на општинските услуги во Македонија

18 Јули 2016


Скопје, 18 јули 2016 година – Вториот проект за подобрување на општинските услуги (МСИП2) во Македонија беше одобрен од страна на Бордот на извршни директори на Светска банка на 11 јануари 2016 година. Сите понатамошни одлуки поврзани со ефективноста и имплементацијата на проектот се правени од страна на менаџментот на Светска банка, согласно политиките и процедурите на Светска банка. Тоа ја вклучува и првичната одлука на менаџментот за одложување на ефективноста на проектот за неколку месеци, за да се избегне негова имплементација во општините непосредно пред изборите.

Со промена на изборниот датум во земјата, менаџментот на Светска банка ја ревидираше одлуката, за да им дозволи на општините да ја искористат градежната сезона во 2016 година за да ги имплементираат основните инфраструктурни инвестиции. Одлуката беше донесена имајќи ги предвид општините и нивните граѓани, бидејќи МСИП2 ќе финансира проекти на локално ниво наменети за подобрување на основната инфраструктура, со цел зголемување на транспарентноста, финансиската одржливост и инклузивна испораката на таргетирани општински услуги.

Првиот проект за подобрување на општинските услуги (МСИП1) од 18,9 милиони евра беше одобрен на 26 март 2009 година и надополнет со дополнително финансирање од страна на Светска банка во 2012 година (37,2 милиони евра) и неодамна, преку Инструментот за предпристапна помош на Европската унија (15,5 милиони евра), специјално за поддршка на руралната инфраструктура.

Сите општини имаат право и се поттикнати да учествуваа во проектот. МСИП2 ќе има зголемен фокус врз инвестирањето во посиромашните заедници во рамките на општините учеснички. Светска банка ги контактира сите општини во земјата за да обезбеди нивно учество, со поддршка во нивна подготовка на технички издржани проекти. Со продолжување на имплеметацијата на МСИП2, очекуваме учество на сите општини, со посебен фокус на посиромашните заедници во рамките на овие општини. 

Контакт за медиуми
Во Скопје
Анита Боѓиновска
tel : +389 (0)2 3117 159
abozinovska@worldbank.org
Во Вашингтон
Елена Карабан
tel : +1 (202) 473-9277
ekaraban@worldbank.org

СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ БРОЈ:
2016/ECA/172

Api
Api