Learn how the World Bank Group is helping countries with COVID-19 (coronavirus). Find Out

СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ

Промоција на втората фаза од Програмата на Светска банка – Австрија за урбано партнерство во Македонија

3 Ноември 2015


СКОПЈЕ, 3 ноември 2015 година – Втората фаза од Програмата на Светска банка – Австрија за урбано партнерство (ПУП) во Македонија беше промовирана денес за време на работилницата организирана од Светска банка и домашните партнерски институции во Македонија во просториите на Град Скопје. Програмата има за цел да ги зајакне капацитетите на локалната власт во Југоисточна Европа и да ги опреми локалните власти, градските администратори и техничкиот персонал со практични алатки за донесување одлуки со цел ефикасно да управуваат со урбаниот развој за поинклузивен и одржлив раст. Иако глобална по обем, програмата е таргетирана за Југоисточна Европа, вклучувајќи ја и Македонија.

Првата фаза на програмата (2011-2014 година) се фокусираше на главните димензии на локалната власт, вклучително и општинското финансирање, урбаното планирање и управување со земјиште, урбаното владеење/антикорупција и социјалната одговорност. Втората фаза на програмата (ПУП II) официјално беше промовирана во февруари 2015 година и има за цел понатамошно зајакнување на синергиите помеѓу различни компоненти во рамките на Програмата и со други активни програми во регионот на Југоисточна Европа.

Националната работилница за општинските донесувачи на одлуки – градоначалници, заменици на градоначалниците и останатите локални власти, како и преставници на НВО – беше можност за престставување на иновативни и практични инструменти, како што се Самопроценка на општинското финансирање, Урбана ревизија, Градење интегритет/Антикорупција и Социјална одржливост и иницијатива за ангажирање на граѓаните.

До сега, различни компоненти од Програмата беа имлементирани во повеќе општини во Македонија, вклучувајќи ги Гази Баба (Скопје), Струмица, Гостивар, Виница и Град Скопје. Повеќе општини изразија интерес за нивно вклучување.

Стратешкото планирање на антикорупција, како дел од Програмата на Светска банка за урбано партнерство, помогна за општината подобро да ја разбере важноста за проактивен пристап во градење на интегритет на локално ниво; тоа ни помогна да разбереме како може да го подобриме нашиот внатрешен систем на организација, комуникација и соработка, за да ја направиме нашата општина поодговорна, транспарентна и ориентирана кон граѓаните“, рече г-дин Емил Дончев, градоначалник на Виница.

Според градоначалникот на Гостивар, г-дин Невзат Бејта, “Програмата за урбано партнерство, посебно нејзините компоненти за Стратешко планирање на антикорупцијата, општинско финансирање, Самопроценка на оптинското финансирање и Урбана ревизија, помогнаа Гостивар да ги зајакне своите капацитети во подобра внатрешна организација, подобрени услуги и зголемен ангажман на граѓаните“.

Компонентите на програмата се комплементарни по природа, и овозможуваат општините да ја подобрат својата ефикасност на сеопфатен начин: општинско финансирање, урбано планирање и програмирање на инвестициите, градење интегрите, социјална одржливост и граѓански ангажман – се со иста цела за зајакнување на транспаретноста, одговорност и интегритет на јавните услуги и зголемување на довербата кај граѓаните. Понатаму, Град Скопје покажа интерес во понатамошно подобрување на социјалната одржливост базирана на Акциски план дизајниран за време на првата фаза од Програмата (ПУП I).

“Националната работилница преставува сериозна можност за општинските донесувачи на одлуки да дознаат за практичните инструменти и пристапи понудиени во Програмата“, рече Сабине Палмрутер, виш службеник на проекти и лидер на Програмата. “Општините ќе бидат поканети за учествуваат во II-та фаза на Програмата“. 

Контакт за медиуми
Скопје
Анита Божиновска
tel : +389 2 3117 159
abozinovska@worldbank.org
Вашингтон
Елена Карабан
tel : +1-202-473-9277
ekaraban@worldbank.org

СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ БРОЈ:
2016/ECA/045

Api
Api