СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ

Светска банка поддржува подобра транспортна поврзаност во Македонија

30 Септември 2015


Новиот експресен пат меѓу Ранковце и Крива Паланка ќе го подобри пристапот до услуги за населението

ВАШИНГТОН, 30 септември 2015 година – Бордот на директори при Светска банка денес одобри заем од 83 милиони евра за Проектот за надградба и развој на патиштата во Република Македонија. Проектот има за цел да ја подобри транспортната поврзаност за корисниците на патиштата долж Коридорот VIII помеѓу Скопје и Деве Баир, како и да го подобри управувањето со средства и планирањето на Јавното претпријатие за државни патишта.

Подобрените транспортни врски ќе придонесат кон повисок животен стандард за граѓаните преку обезбедување на посигурен, поевтин и посигурен пристап до останатите јавни услуги. Проектот исто така ќе има позитивно влијание врз општините кои се во близина на новиот и постоечкиот пат преку поттикнување на економската активност во регионот и обезбедување на подобар пристап до социјалните и економските услуги.

Инвестициите во транспортната инфраструктура се клучни за развојот на Република Македонија“, вели Елен Голдстин, директор за регинот на Југоисточна Европа при Светска банка. Како континентална земја, Република Македонија има потреба од инвестиции во транспортната инфраструктура за да обезбеди подобра поврзаност со регионалните пазари и да стане попривлечна дестинација за инвеститорите. Подобри патишта, исто така се клучни за локалната конкурентност и развојот на туризмот.“

Преку главната компонента на проектот, во износ од 78 милиони евра, ќе се финансира изградба на нов, поширок пат со две ленти помеѓу Ранковце и Крива Паланка во должина од 26,64 километри. Дизајн на патот ќе ја земе предвид безбедноста на патиштата. Изградбата ќе трае три години и се очекува патот да биде отворен за сообраќај кон крајот на 2019 година.

Новиот проект за патишта ќе донесе директни придобивки за корисниците на патот како резултат од намалените трошоци за возилата, како и од намаленотовреме на патување, заради подобрениот квалитет на патот“, вели Ракеш Трипати, сениор специјалист за транспорт во Светска банка и лидер на проектот. “Дополнително, проектот ќе ги зајакне капацитетите на Јавното претпријатие за државни патишта во управување со средствата за мостови и во имплементација на инжинерски и градежни иновации кои може да ја подобрат безбедноста на патиштата и нивната одржливост“.

Подобрената источна секција од патот на Коридорот VIII ќе придонесе кон зајакнување на интеграцијата на земјата во регионот и во ЕУ, и исто така, ќе го олесни пристапот до нови пазари. Подобрениот пристап до границата со Бугарија ќе има позитивно влијание врз трошоците за логистика и исто така, ќе придонесе за подобра и посигурна поврзаност,ќе ја подобри мобилноста на населението и прекугранична интеракција долж коридорот.

Ова е трет транспортен проект за патишта кој Светска банка го финансира во Македонија. Првиот, Проект за поддршка на регионалните и локални патишта, кој ќе заврши на крајот од 2015 година, финансира рехабилитација и надградба на 284км регионални патишта и над 400км локални патишта, вклучително и рехабилитација на свлечишта на селектирани патишта. Вториот, Проект за рехабилитација на магистрални и регионални патишта, одборен во септември 2014 година, има за цел да ја зајакне поврзаноста на селектирани магистрални и регионални патишта на Коридорот X и VIII.

Проектот за надградба и развој на патиштата е финансиран од Меѓународната банка за реконструкција и развој (ИБРД) преку заем во износ од 83 милиони евра со рок на доспевање од 28 години, вклучително и 8 години грејс период. 

Повеќе информации за работата на Светска банка во регионот на Европа и Централна Азија, ве молиме посетете не на: www.worldbank.org/eca

Посетете не на Facebook: https://www.facebook.com/WorldBankEuropeCentralAsia

Бидете во тек преку Twitter: https://www.twitter.com/worldbank

Нашиот YouTube channel: https://www.youtube.com/worldbank

 

Контакт за медиуми
Во Скопје
Анита Божиновска
tel : (+389) 2 3117 159
abozinovska@worldbank.org
Во Вашингтон
Елена Карабан
tel : +1-202-473-9277
ekaraban@worldbank.org

СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ БРОЈ:
2016/ECA/025

Api
Api

Welcome