Learn how the World Bank Group is helping countries with COVID-19 (coronavirus). Find Out

СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ

Новата Стратегија за партнерство со Македонија на Групацијата Светска банка го поддржува растот и инклузијата

16 Октомври 2014


Вашингтон, 16 октомври, 2014 година – Бордот на извршни директори на Групацијата Светска банка денес ја разгледуваше новата Стратегија за партнерство со земјата (СПЗ) за Република Македонија за периодот 2015 -2018 година. Новата Стратегија за парнтерство се базира на развојните приоритети на Владата и двојните цели на Групацијата Светска банка за намалување на сиромаштијата и поттикнување заеднички просперитет на одржлив начин.

Новата Стратегија се должи на силното партнерство помеѓу Македонија и Групацијата Светска банка, која дава цврста поддршка на земјата во нејзиниот развој и аспирација за пристап во Европската унија. Македонија има солидни резултати во прудентно макроекономско управување и го одржа растот и ја зголеми вработеноста  за време на глобалната криза. Новата Стратегија за партнерство ќе ја поддржи земјата  во постигнување повисок и поинклузивен раст, кој ќе се претвори во работни места и зголемен приход за сите сегменти во општеството.

Новата Стратегија ќе овозможи користење на 400 милиони долари од Светска банка за земјата во наредниот четиригодишен период во спроведување на Стратегијата. Зависно од условите на пазарот, ова може да биде дополнето со 80-100 милиони долари финансирање за четири години од Меѓународната Финансиска Корпорација (ИФЦ) и гаранции од Мултилатералната агенција за гаранција на инвестициите (МИГА).

Стратегијата за партнерство со земјата е дефинирана околу два столба:

  • Раст и конкурентост – подобрувања во бизнис климата и трговскиот режим се суштествени за привлекување приватни инвестиции и подобрување на извозните резултати, за да се постигне одржлив развој предводен од приватниот сектор и создавање работни места.
  • Вештини и инклузија - интервенции кои ќе ги зголемат вештините и ќе ја подобрат инклузијата се суштествени за обезбедување  сите сегменти на општеството да имаат корист од економскиот раст, преку подобри можности за вработување и поефикасни јавни и општински услуги.

Македонија се стреми кон членство во Европската унија и новата Стратегија на Групацијата Светска банка ќе промовира напредок во агендата за пристап кон ЕУ, како тема која се проткајува низ новата Стратегија. Стратегијата е во согласност со новиот Стратешки документ на ЕУ за помош на земјата за периодот 2014-2020 година и средствата од Групацијата Светска банка  ќе се искористат за дополнување и подобрување на апсорпцијата на ЕУ инструментот од претпристапните (ИПА) фондови.   

Севкупно, Групацијата Светска банка ќе ја поддржи Владата со цела низа финансиски, услуги за знаење и организирање за поддршка за овие цели,како и обезбедување помош во неколку сектори како транспорт, енергетска ефикасност, управување со јавни финансии и социјална заштита.

Благодарение на силните резултати од прудентното управување и структурните реформи, земјата оствари солиден раст, кој сега се зголемува и вработеноста почна да расте“, вели Татјана Проскурјакова, директор на Канцеларијата на Светска банка за Македонија. Останува предизвикот да се гради врз овој успех и да се обезбедат нови можности  за сиромашните и обесправени групи, кои се уште немаат корист од економскиот раст колку што очекувавме. Новата Стратегија на Групацијата Светска банка настојува да промовира побрз раст, но со подобра инклузија, така што со забрзување на закрепнувањето, сите сегменти на општеството ќе имаат корист од создавањето работни места.“

ИФЦ, членка на Групацијата Светска банка ќе го продолжи партнерството со клиентите преку инвестиции и советодавни услуги во стратешките сектори кои се од клучно значење за долгорочниот одржлив развој на земјата.

“Понатамошната интеграција на македонската економија во глобалните производни мрежи ќе ја забрза нејзината индустрија и трговска конкурентност“, вели Томас Лубек, регионален менаџер за Западен Балкан при ИФЦ. “За да ја постигне таа цел, ИФЦ ќе обезбеди инвестиции и советодавни услуги за понатамошно подобрување на соработката меѓу глобалните и локалните партнери и подобрување на ефикасноста на синџирите за набавка.“

Македонија стана акционер и членка на ИФЦ во 1993 година. Од тогаш, вкупниот износ на инвестиции на ИФЦ во Македонија изнесува 397 милиони долари во 29 проекти во разни сектори.

Македонија стана членка на Светска банка во 1994 година. Од тогаш, Светска банка инвестираше 1,7 милијарди долари заеми и грантови преку повеќе од 40 операции, вклучувајќи инвестиции во енергетскиот сектор, патишта, земјоделство, здравство, социјална политика, иновации, вештини и други области. Сегашното инвестициско портфолио на Светска банка се состои од седум заеми во вкупен износ од 369 милиони долари. 



Контакт за медиуми
Вашингтон
Кристин Шрадер Кинг
tel : +1 (202) 458-2736
kschrader@worldbank.org
Скопје
Анита Божиновска
tel : +(389 2) 3117 159
abozinovska@worldbank.org



СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ БРОЈ:
2015/164/ECA

Api
Api