Skip to Main Navigation
СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ 31 Октомври 2018

ПЈР Македонија одбележува 25 години партнерство со Светска банка

Партнерството продолжува со фокус на повеќе можности за луѓето

СКОПЈЕ, 31 октомври 2018 година – Светска банка денес одбележува 25 години работа во ПЈР Македонија со посета на потпретседателот на Светска банка за Европа и Централна Азија, Сирил Милер и на директорката на Светска банка за Западен Балкан, Линда ван Гелдер. Фокусот беше на градењето посилна иднина со голема меѓународна конференција за Поттикнување на економскиот раст преку развој на човечкиот капитал во Западен Балкан, организирана од македонското Министерство за финансии.

Светска банка оддаде признание на исклучителниот напредок на земјата во последните три децении. Од 2000 година, бруто домашниот производ (БДП) на земјата порасна од 3,7 милијарди на 10,7 милијарди, а во периодот помеѓу 2009 и 2015 година 240.000 луѓе се оттргнаа од сиромаштијата – со што се зголеми средната класа од 29% на 40% од населението. Според најновиот економски извештај на Светска банка, растот во земјата во 2018 се проценува да биде 2,5%, забрзувајќи се на 2,9% во 2019 и на 3,2% во 2020 година.

„Овде сме да оддадеме признание на постигнувањата во последните 25 години,“ рече Милер. „ПЈР Македонија оствари раст и просперитет – извлекувајќи луѓе од сиромаштијата, проширувајќи ја средната класа и создавајќи повеќе и подобри работни места и Светска банка е горда на овој напредок.“

Од првиот заем во 1993 година, Групацијата Светска банка во ПЈР Македонија има инвестирано над 2 милијарди долари, има спроведено 65 проекти во енергетиката, патиштата, земјоделството, здравството, образованието, социјалната политика, иновациите и вештините. ИФЦ, членка на Светска банка која се концентрира на приватниот сектор, го поддржуваше подобрувањето на инвестициската клима и обезбеди околу 400 милиони долари за инвестиции во 19 проекти во финансискиот сектор, енергетиката, телекомуникациите, фармацијата, текстилната индустрија, малопродажбата, преработувачката индустрија и во автомобилската индустрија.

„Светска банка и понатаму останува посветен партнер на Владата на ПЈР Македонија во напредокот кон Европската Унија – помагајќи да се зголеми животниот стандард и да се намали јазот во вештините, образованието и богатството,“ вели Линда Ван Гелдер. „Сега предизвикот е да се надоврземе на многуте успеси за да поттикнеме динамичен приватен сектор што може да отвори повеќе работни места, да обезбеди повеќе можности за повеќе луѓе, да поттикне ефективно управување и да ја зголеми отпорноста на земјата од природни катастрофи.“

Повеќе информации за работата на Светска банка во ПЈР Македонија:

https://www.worldbank.org/en/country/macedonia

Фејсбук: https://www.facebook.com/WorldBankSkopje

Твитер: https://twitter.com/WorldBankECA

Приклучете се на дискусијата: https://blogs.worldbank.org/europeandcentralasia


СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ БРОЈ: 2019/ECA/55

Контакт

Скопје
Анита Божиновска
abozinovska@worldbank.org
Вашингтон
Ким Смитис
ksmithies@worldbank.org
Api
Api