Skip to Main Navigation
СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ 16 Ноември 2017

Растот го поддржува создавањето работни места во Западен Балкан, вели Светска банка

ПРИШТИНА, 16 ноември, 2017 година – Земјите од Западен Балкан бележат зголемување на  бројот на работни места, со продолжувањето на растот во целиот регион. Регионалниот раст се очекува да достигне 2,6 проценти во 2017 година, што доведе до создавање 230.000 работни места до јуни 2017 година – зголемување од 3,8 проценти во однос на претходната година. Покрај големата невработеност во шесте земји од регионот, стапката на вработеност се врати на нивото пред 2008 година во Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија. Повеќе од половина работни места во регионот беа создадени во приватниот сектор.

Според најновиот Редовен економски извештај за западен Балкан на Светскa банка (РЕИ за ЗБ), објавен денеска во Приштина, Косово, сите шест земји од Западен Балкан се очекува да забележат раст во 2017 година, со тоа што регионалниот раст е проектиран да забрза на 3,3 проценти во 2018 и 3,6 проценти во 2019 година. Инвестициите предизвикаа силен раст во Албанија, Косово и Црна Гора, додека пак потрошувачката придонесе за стабилен раст во Босна и Херцеговина. Неодамнешната политичка криза го потисна растот во Македонија, а истото го направи и исклучително студената зима во Србија.

 

2016

2017проц.

2018прог.

2019прог.

Албанија

3,4

3,8

3,6

3,5

Босна и Херцеговина

3,1

3,0

3,2

3,4

Косово

3,4

4,4

4,8

4,8

Македонија

2,4

1,5

3,2

3,9

Црна Гора

2,9

4,2

2,8

2,5

Србија

2,8

2,0

3,0

3,5

Западен Балкан

2,9

2,6

3,3

3,6

Охрабрувачки е да се види дека, скоро една деценија по глобалната финансиската криза, вработеноста конечно закрепна и се врати на нивото пред кризата во најголем дел од регионот“, вели Линда Ван Гелдер, директор на Светска банка за земјите на Западен Балкан. „Сега е уште поважно земјите од Западен Балкан да го одржат реформскот импулс, да создадат можности и да го подобрат животниот стандард на сите граѓани од Западен Балкан.“

Економскиот раст, заедно со создавањето на работни меса, исто така придонесе за намалување на стапката на сиромаштија во регионот. На ниво од 23,6 проценти, проектираната стапка за 2017 година е цел процентен поен помала во споредба со пред една година – што претставува околу 124.000 повеќе луѓе кои излегле од сиромаштијата.

Иако изгледите на економскиот раст се позитивни за земјите од Западен Балкан, ризиците сепак остануваат. Несигурноста на јавните политики или можната промена на правецот на политиките би можеле да ги намалат инвестициите и растот. Според извештајот, овие ризици може да бидат ублажени со задржување на фискалната одржливост и истовременото забрзување на структурните реформи, како што се зајакнување на јавните финансии и подобрување на инвестициската клима и интеграција, како и  преку унапредување на планот за пристап во Европската унија (ЕУ). 

За да ги видите претходните редовни економски извештаи за западен Балкан, ве молиме посетете ја интернет страницата: www.worldbank.org/eca/wbrer

Фејсбук: https://www.facebook.com/WorldBankSkopje/

 


СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ БРОЈ: 2018/ECA/34

Контакт

Скопје
Анита Божиновска
abozinovska@worldbank.org
Вашингтон
Џон Македон
+1 (202) 458-1358
jmackedon@worldbank.org
Api
Api