Skip to Main Navigation
УДАРНА ТЕМА 28 Ноември 2017

Вино во училница: Обука на новата генерација производители на вино во Македонија

Image

Мирјана Бошева и со нејзиниот соученик на час по енологија во средното училиште во познатиот вински регион Тиквеш се здобиваат со вештини потребни на локалните винопроизводители да останат конкурентни. 

Фото: Томислав Георгиев


Учениците во повеќе средни училишта во земјата учествуваат во проект кој ја подобрува релевантноста на нивното средно стручно образование и го поддржува нивниот иновативен капацитет, така што можат полесно да најдат работа надвор од училницата.

Марија Бошева е студент во средното училиште за стручно образование „Ѓорче Петров“ во Кавадарци, град со околу 38,000 жители во јужниот дел на Македонија.

Како и повеќето ученици во светот, Марија во текот на денот следи настава по историја, математика, биологија, хемија.

Но, за разлика од нејзините врсници, таа исто така учи енологија – уметност на подготовка на виното.

Image
Училиштето има сопствени виногради во близината на Кавадарци, каде наставниците и учениците одгледуваат грозје.
Кавадарци е познат по неговите виногради и високо квалитетно вино – кое се конзумира во земјата, но и во странство. Но, одржување на квалитетот не е лесно и за да останат конкурентни во регион на производители на вино, малите винарии во Кавадарци мора да се придржуваат на строгите стандарди кои може да го одржат или поправат квалитетот на виното кое го произведуваат.

Како најдобар  начин за постигнување на оваа цел, локалните производители на вино  решија да инвестираат  во вештините на младите лица како Марија – новата генерација на производители на вино.


"Тоа ќе ми користи во животот, бидејќи на тој начин полесно ќе најдам работа."
Марија Бошева
студент

Image

Инвестирање во вештини на новата генерација винопроизводители 


Како дел од тој напор, средното стручно училиште изгради нова лабораторија за енологија и педолошка лабораторија, овозможени преку грант од Проектот за развој на вештините и поддршка на иновациите поддржан од Светска банка. Проектот обезбедува финансиски стимулации за поттикнување на заедничии проекти помеѓу средните стручни училишта и компаниите кои имаат за цел обезбедување практична обука  релевантна за идната работата на средношколците.

„Лабораторијата го олеснува образовниот процес и исто така да учиме за постигнувањата во науката кои се случуваат речиси на дневна основа. Покорисно е да се учи преку партична работа  отколку само да се слуша и запомни  лекцијата“, вели Марија. „Тоа ќе ми користи во животот, бидејќи на тој начин полесно ќе најдам работа“. 

Како дел од проектот, училиштето соработува со Про Група ДОО Битола, приватна компанија, со која заедно формираа компанија наречена „Агролаб“. Преку оваа компанија, учениците во Кавадарци сега имаат пристап до квалитетна стручна пракса која им овозможува да се стекнат со практично знаење за целиот процес на подготовка на виното- од хемискиот состав на виното до биолошките процеси кои се практикуваат во подготовката на виното.

Image
Во рамките на проектот, 10 технички стручни училишта во земјата добија грантонив за обука и опрема.
Учениците исто така имаат пристап до педолошката лабораторија, која им овозможува да ги анализираат примероците (на земја  или грозје) кои ги земале. Од овој процес корист имаат и училиштето и целиот регион бидејќи  овозможува подобрување на органската подготовка на виното согласно стандардите на Европската Унија.

Лабораторијата не е добредојдена само за учениците во Кавадарци, туку и за наставниците – тие конечно се во можност да ја користат новата опрема за нивните истражувања.

„Агролаб има големо значење за нашето училиште“, вели Наталија В’чкова, професор по биологија во средното стручно училиште Ѓорче Петров. „Ја олеснува практичната настава и им овозможува на учениците да го применат своето теоретско знаење во реалниот свет“.

„А исто така, нам  ни  овозможува да ги следиме најновите трендови и технологии во винската индустријата и да ги подобрат практичните вештини – овозможувајќи полесна транзицијата од училиште кон работа “.

Дополнитело на подобрувањеto на вештините и знаењето на учениците, малите и средни винарии исто така ќе имаат корист од лабораторијата. Наместо да користат поскапи лаборатории за тестирање во главниот град Скопје, тие сега може да побараат училиштето да ги врши тестирањата.

„Лабораторијата е комплетно опремена за тестирање вино и почва, и сега е место каде малите и средни винарии можaт да побараат совет за тоа како да го подобрат и прошират своето производство. Претходно, овие услуги беа многу скапи или едноставно недостапни“, вели Љупчо Груевски, директор на Про Група. „Проектот исто така се осврнува кон еколошкото производство, поврзано со извозот кон Европската Унија“.

Вкупно 10 средни стручни училишта во земјата добија грант за обука и опрема.

Image
Во училишната фирма и лабораторија, учениците може да го применат нивното теоретско знаење поврзано со производството на вино.
Проектот во целина има за цел да ја подобри транспарентноста и да промовира одговорност во високото образование, подобри релевантноста на средното техничко стручно образование и да ги поддржи иновативните капацитети на Македонија и на тој начин, учениците како Марија Бошева се здобијат со вештини потребни за наоѓање работа по завршување на средното образование. 



Api
Api