Skip to Main Navigation
СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ 8 Декември 2017

Задоволителен напредок на Стратегијата за Македонија на Групацијата Светска банка

Вашингтон, 8 декември 2017 година – Прегледот за успешност и научени лекции од Стратегијата за партнерство со земјата 2015 – 2018 на Групацијата Светска банка го оценува напредокот во имплементацијата на тековната стратегија. Прегледот покажува дека имплементацијата на програмата е на вистински пат со забележлив напредок во подобрување на транспарентноста во управувањето со јавните финансии и ефикасност во системот на социјална заштита. Интервенциите на Групацијата Светска банка, исто така, забележаа задоволителен напредок во создавањето подобри услови за инвестициите во приватниот сектор и поврзување со странските директни инвестиции.

„Прегледот за успешност и научени лекции ја потврди усогласеноста на Стратегијата за партнерство со приоритетите на тековната Влада на Македонија“, рече Горан Тињиќ, лидер на тимот кој го подготви Прегледот. „Значителни резултати се постигнати во зајакнување на мрежите на социјална заштита и пред крајот на 2018 година очекуваме натамошен напредок во управувањето со јавните финансии, инвестициската клима, патната инфраструктура, образовниот сектор и општинската инфраструктура“.

Тековната Стратегија е фокусирана на две широки теми: раст и конкуретност, и вештини и инклузија, со агендата за пристап кон ЕУ како тема која се проткајува низ Стратегијата. Соработката со ЕУ во текот на последините години се зголеми преку користење на достапните фондови од ИПА за локална и регионална конкурентност во туризмот и подобрување на општинските услуги во руралните области.

Во текот на преостанатиот период од циклусот на Стратегијата, Банката планира да поддржи имплементација на управувањето со јавните финансии и реформи во социјалните услуги, како и инвестиции во областа на енергетската ефикасност.

Севкупно, до крајот на тековниот циклус на Стратегијата, Светска банка планира да обезбеди околу 135 милиони долари во нови кредити и со тоа се очекува вкупното финансирање на Светска банка за Стратегијата 2015 – 18 да изнесува околу 360 милиони долари. Дополнително, IFC, дел од Групацијата Светска банка кој го поддржува приватниот сектор, планира да финансира околу 40 – 60 милиони долари до крајот на циклусот на Стратегијата.

Новата партнерска рамка, за периодот 2019 – 22 ќе биде дискутирана и договорена со Владата во втората половина на 2018 година. 

Прегледот за успешност и научени лекции е достапен на следниот линк (англиски јазик). 


СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ БРОЈ: 2018/ECA/52

Контакт

Вашингтон
Ким Смитис
ksmithies@worldbank.org
Скопје
Анита Божиновска
abozinovska@worldbank.org
Api
Api