Learn how the World Bank Group is helping countries with COVID-19 (coronavirus). Find Out

Настани

Блог конкурс: Студенти во Северна Македонија проговорете!

мај 15-јуни 10, 2019

Северна Македонија

Image

Северна Македонија има една од највисоките стапки на невработеност меѓу младите во Европа, а во исто време бележи и значително зголемување на бројот на млади луѓе во високото образование. Наоѓањето на добра работа претставува важна пресвртница за младите луѓе, но нивната транзиција кон пазарот на труд често носи многу предизвици.

Во тие рамки, Светска банка отвора конкурс за блог содржини на тема:

Денес студент, утре (не)вработен – Што ти носи иднината?

Целта на конкурсот е да се дознае повеќе за аспирациите на студентите, за нивните надежи и  грижи при наоѓањето работа и да се охрабри вклучувањето на  младите луѓе во националниот дијалог за обезбедување подобри образовни и економски можности за младите во Северна Македонија.

Пријавете се на овој линк најкасно до 10-ри јуни 2019 година: https://www.surveymonkey.com/r/VZGKKFG

Сакате вашите гледишта да ги споределите со повеќе луѓе? Приклучете се во конверзацијата на Фејсбук користејки го хаштагот #StudentsSpeakUpNorthMacedonia

  • Сакаме да ве слушнеме вас! Ве покануваме со свои зборови да ни го кажете што мислите за вашата иднина и преминот од универзитет кон работа. Некои од следниве прашања можат да ви помогнат при вашето размислување:

    • Колку сте оптимисти дека ќе најдете работа кога ќе дипломирате? Дали едвај чекате или се плашите да влезете во светот на работата? Дали мислите дека вашето образование добро ве подготвува за тоа?
    • Што им треба на младите луѓе за да најдат добра работа и да имаат добра кариера во Северна Македонија? Што е најважно кога барате работа – добрите оценки, вашата личност, контактите или нешто сосема друго?
    • Каков вид на работа барате? Што е важно за вас во однос на работата – сигурноста на работното место, високата плата, можноста за напредување, донесувањето на промена или работењето на нешто што го сакате?
    • Каде би сакале да работите? Дали би сакале да работите во јавниот или во приватниот сектор, во голема или во мала компанија? Дали мислите дека во Северна Македонија ќе ја најдете работата што ја сакате? Ако имате избор помеѓу прифаќање работа во Северна Македонија и работа во странство, кои фактори би ги зеле предвид при донесувањето на одлуката?

    Можете да напишете до 400 збора за да ги споделите вашите размислувања за едно или повеќе од овие прашања. Нека се слушне вашиот глас! Бидете дел од решението!

    Пријавете се на овој линк најкасно до 10-ри јуни 2019 година: https://www.surveymonkey.com/r/VZGKKFG

    Сакате вашите гледишта да ги споределите со повеќе луѓе? Приклучете се во конверзацијата на Фејсбук користејки го хаштагот #StudentsSpeakUpNorthMacedonia 

  • Кој може да учествува: Конкурсот е отворен за сите сегашни студенти на универзитетите во Северна Македонија кои имаат најмалку 18 години. Вработените во Светска банка, вклучувајќи ги консултантите и членовите на нивните семејства се исклучени од учество.

    Што бараме: Бараме оригинални, критички прилози кои ги опишуваат надежите и грижите на студентите во однос на наоѓањето работа по дипломирањето. Содржините треба да се во форма на блог приказна. Поднесените содржини можат да бидат на македонски, албански или англиски јазик.

    Како да учествувате: Поднесете ја вашата блог содржина (со максимална должина до 400 збора!) на овој линк: https://www.surveymonkey.com/r/VZGKKFG   Секој учесник може да поднесе само една содржина.

    Рок: Сите содржини мора да бидат поднесени најкасно до 23.59 часот на 10-ри јуни 2019 година (по средноевропско време).

    • Содржините ќе ги разгледува комисија составена од евалуатори  од Светска банка, но и надвор од Банката.
    • Содржините ќе бидат оценувани според: релевантноста на предметот, оригиналноста, приказната, убедливоста и јасноста во пишувањето.
    • Светска банка ќе направи селекција на 15 содржини кои ќе бидат финалисти.
    • Тимот на Светска банка ќе ги контактира само финалистите.
    • Одлуките на судиите се конечни.
  • Авторите на победничките трудови ќе бидат известени по електронска пошта, согласно информациите дадени при поднесувањето и ќе им бидат доделени следните награди:

    • Прво место: Победникот на конкурсот ќе биде поканет да учествува на меѓународна конференција на тема образование/вработување со платени патни трошоци за повратна карта во економска класа и хотел избран согласно политиките на Светска банка (под услов победникот сам да си обезбеди виза на сопствен трошок).
    • Второ и трето место: Второ и трето пласираниот учесници ќе добијат подарок.
    • Пофалници: Судиите можат да изберат најмногу пет (5) содржини кои ќе добијат пофалници од канцеларијата на Светска банка во Северна Македонија.

    Сите избрани учесници ќе ја имаат можноста да бидат презентирани на интернет страницата на Светска банка во Северна Македонија.

  • Со пријавувањето на овој конкурс ги задржувате авторските права, останувате сопственик на содржината и може да продолжите да ја  користите по сопствена волја. Со поднесувањето на материјалот, учесниците изјавуваат дека содржината е оригинална, не била претходно објавувана и нејзиното испраќање не прекршува права на трети лица.  Учесниците на Светска банка и даваат светска, постојана, неексклузивна, бесплатна лиценца да го копира, уредува, преведува, објавува и да го користи трудот, целосно или делумно, без претходен надоместок за учесникот. Се согласувате дека поднесената содржина може Светска банка да ја користи во печатени изданија или на интернет страници

    (вклучувајќи https://www.worldbank.org/en/country/northmacedonia), во презентации или на канали на социјалните медиуми и може да биде копиран и објавуван од Светска банка во било која земја под услов да има соодветна назнака за авторот. Правата за уредување кога Светска банка ќе смета дека тоа е неопходно се резервирани иако учесниците ќе бидат целосно наведени.

    Приватност: Учесниците се согласуваат да го дадат своето име, возраст, универзитет, студиска програма и електронска пошта за целите на водење на конкурсот, доделување на наградите и анализи на трендовите врз основа на збирните податоци од поднесените содржини. Овие информации ќе бидат споделени со вработените во Светска банка кои го водат конкурсот, со членовите на судиската комисија како и со вработените кои ќе ги анализираат збирните податоци за да ги утврдат трендовите. Личните податоци ќе бидат уништени согласно релевантниот Распоред на Групацијата Светска банка за задржување и ослободување на евиденцијата.

    Учесниците се согласуваат дека нема да сторат ништо од следното:

    • Навредуваат, злоупотребуваат, вршат насилство, демнат, се закануваат или на друг начин да ги прекршуваат законските права (како што се правата на приватност и јавност) на други лица.
    • Објавуваат, постираат, дистрибуираат или пуштаат во промет навредливи, насилни, непристојни или незаконски материјали или информации.
    • Аплоудираат или прикачуваат датотеки што содржат софтверски или друг материјал заштитен со законите за интелектуална сопственост (или со правата на приватност) освен ако учесникот е сопственик или ги контролира тие права или ги има добиено сите потребни согласности.
    • Аплоудираат или прикачуваат датотеки што содржат вируси, корумпирани датотеки или друг сличен софтвер или програми што можат да го оштетат работењето на компјутер на друго лице.
    • Бришат наведените автори, правни напомени или определувања на сопственоста или марките во било која датотека што ја аплоудираат.
    • Фалсификуваат потеклото на изворот на софтвер или на друг материјал содржан во датотека што се аплоудира.
    • Рекламираат или на друг начин да продаваат стоки и услуги или да спроведуваат или проследуваат истражувања, конкурси или верижни писма.
    • Симнуваат датотека ставена од друг учесник за која учесникот знае или разумно би требало да знае дека не може законски да се дистрибуира на тој начин.
  • Со пријавувањето на конкурсот се согласувате на  условите наведени подоле. Учеството во  конкурсот имплицира прифаќање на овие услови, без разлика дали учесниците ќе потпишат изјава со која го потврдуваат нивното прифаќање.

    • Потврдувате дека имате најмалку 18 години и дека не сте вработен или член на потесното семејство на вработен во Светска банка.
    • За учество на конкурсот не се плаќа надоместок.
    • Потврдувате дека вашата содржина е ваша оригинална работа која не е претходно објавувана, превземена од други извори или продуцирана од трето лице.
    • Се согласувате дека Светска банка нема да плати за вашиот труд без разлика на тоа дали ќе добиете награда или не.
    • Потврдувате дека сите содржини во овој конкурс се јавна, а не приватна комуникација. Исто така, учесниците потврдуваат дека разговорите, постовите, конференциите, електронските пораки и другата комуникација со други учесници нема да се се одобрени од панелот на судии и/или од Светска банка и/или нејзините партнери и таа комуникација нема да се смета за разгледана, не и е направен скрининг и не е одобрена од панелот на судии и/или од Светска банка и/или нејзините партнери.
    • Се согласувате дека без оглед на исходот, нема да се жалите на резултатите на конкурсот и нема да поднесувате никакви барања или тужби против Светска банка, нејзините афилијации, директори, службеници или вработени кои го спроведуваат конкурсот.
    • Ако по објавувањето на победниците, Светска банка утврди дека победникот лажно го презентирал, изјавил или карактеризирал својот труд на било кој начин или пак дека не е вистинскиот сопственик на поднесената содржина, учесникот може да биде дисквалификуван од конкурсот и сите добиени награди или привилегии можат да бидат одземени. Сите одлуки донесени од Светска банка за повлекување и дисквалификување на некој труд се конечни.

    Однесување: Непридржувањето со горенаведените услови може да резултира со дисквалификување од конкурсот. Панелот на судии и/или Светска банка не се одговорни за печатни или други грешки во печатењето на конкурсот, во водењето на конкурсот или во објавувањето на наградите. Светска банка во секое време може да ги ажурира и/или да ги измени условите на овој конкурс и учесниците се согласуваат да ги прифатат новите услови и/или измени.

    Неможност за поведување судска постапка. До ниво дозволено со закон, правата на тужење, судско ослободување или друга судска постапка во случај на спорови или побарувања што произлегуваат од или се во врска со овој конкурс се исклучени и учесникот изрично се откажува од сите такви права.

    Заштита на имунитетот. Ништо од овде наведеното нема да се смета дека е ограничување или ослободување од привилегиите и имунитетот на Светска банка или на некоја друга членка на Светска банка, кои се изрично резервирани.

    За прашања во однос на конкурсот, ве молиме контактирајте со Димески Ѓорѓи на gdimeski@worldbank.org


Контакт

  • Информации за контакт: За прашања во однос на конкурсот, ве молиме контактирајте со Димески Ѓорѓи
  • gdimeski@worldbank.org