Skip to Main Navigation
СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ 14 Ноември 2017

Програмата на Светска банка – Австрија за урбано партнерство ги поддржува општинските лидери во Југоисточна Европа

СКОПЈЕ, 14 ноември 2017 година – Претставници од локални и од централните власти од седум земји од Југоисточна Европа (ЈИЕ) денес присуствуваа на Дијалогот помеѓу градовите во Скопје за да ги споделат добрите практики и наодите од Самостојната проценка на општинските финансии (МФСА) и Урбаната ревизија и да дискутираат за предизвиците во спроведувањето со кои се соочуваат локалните власти во регионот. Овој настан беше дел од Програмата за урбано партнерство (УПП) на Светска банка – Австрија која им помага и ги поддржува градовите и локалните власти во Југоисточна Европа во процесот на модернизација и реформа за промовирање на локалниот развој за инклузивен и одржлив раст и подобро урбано управување.

Дијалогот помеѓу градовите се фокусира на решавање на проблемите преку размена на знаења помеѓу колеги. Овој состанок, дел од тековната серија, ги фокусира дискусиите на две алатки за самостојно оценување, самостојната проценка на општинските финансии (МФСА) и урбаната ревизија што им помага на локалните власти да го подобрат својот финансиски менаџмент и капацитетот за програмирање на инвестициите. Исто така, тие помагаат во воспоставување согласност за дискусии и применливи идеи за тоа како да се модернизира урбанистичкото планирање, да се поддржи локалниот економски развој и да се подобри квалитетот на животот на граѓаните.

„Во текот на оваа програма над 60 општини од Западен Балкан имаат спроведено самостојно оценување дизајнирано да им помогне на општинските лидери да развијат сеопфатен акциски план за мобилизирање на локалните ресурси, за управување со јавните средства и за програмирање и определување приоритети на инвестициите,“ рече Сабин М. Палмројтер, виш службеник во Светска банка и лидер на тимот на Програмата за урбано партнерство. „Акциските планови се најважни делови од анализите на МФСА – тие ги претвораат резултатите и научените лекции во конкретни активности што имаат за цел поправање на слабостите и подобрување на показателите, што пак доведува и до подобрување на услугите во градот.“

 

Настанот привлече 90 учесници од техничките сектори, финансиите, инвестициското програмирање, урбанистичкото планирање, претставници од Министерството за финансии, од Министерството за локална самоуправа, од здруженија на локалните власти, од Мрежата на здруженија на локалните власти во Југоисточна Европа (НАЛАС) и од граѓанското општество.

Во целина, Програмата за урбано партнерство има за цел зајакнување на капацитетот на локалните власти во Југоисточна Европа, промовирање на размената помеѓу градовите и учењето од колегите во и надвор од Европа и екипирање на локалните избрани функционери, градски администратори и технички кадар со практични алатки за одлучување заради ефективно управување со урбаниот развој за инклузивен и одржлив раст. Со поддршка од австриската влада, програмата се спроведува заедно со Мрежата на асоцијации на локалните власти во Југоисточна Европа (НАЛАС).

Историјат

Деветтиот дијалог помеѓу градовите се одржува како дел од Програмата за урбано партнерство од 2011 година со фокус на основните прашања на агендата на локалните власти вклучувајќи: подобрување на локалните приходи, модернизирање на управувањето со локалните јавни расходи, модернизирање на законската и регулативната рамка во Југоисточна Европа, насочен развој на урбаното земјиште – помирување на јавниот и на приватниот интерес, пописот од наодите на самостојната проценка и формулирање на програмите за подобрување на општинските финансии, транзиција од финансиско самостојно оценување кон општинско инвестициски програмирање.

Повеќе информации за Програмата за урбано партнерство можете да најдете на: http://www.seecities.eu/

 


СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ БРОЈ: 2018/ECA/36

Контакт

Вашингтон
Ким Смитис
ksmithiesa@worldbank.org
Скопје
Анита Боѓиновска
abozinovska@worldbank.org
Api
Api