СКОПЈЕ, 8 август 2016 година - Светска банка е потресена од загубата на животите за време на поројните дождови и поплави кои го зафатија регионот на град Скопје за време на викендот. Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата и пријателите на жртвите и сите кои се погодени од невремето. Светска банка е подготвена да помогне на властите во одговор на оваа катастрофа, во соработка со останатите партнери за развој.