Оваа страница на:

УДАРНА ТЕМА

Гледајќи подалеку од хоризонтот: Како влијанијата на климатските промени и потребата за прилагодување ќе го преструктурираат земјоделството во источна Европа и централна Азија

4 Април 2013

Video Platform Video Management Video Solutions Video Player

Зголемување на издржливоста на земјоделството од климатките промени во регионот на Европа и Централна Азија

НАЈВАЖНИ НАСТАНИ
  • Сигурноста на храната останува главен развоен предизвик низ цел свет, со проектирани предвидувања за потребата од зголемување на земјоделското производство за 70-100 проценти до 2050 година.
  • Промените во температурите и врнежите ги принудуваат земјоделците во Европа и централна Азија да се адаптираат на влијанијата од климатските промени во нивните земјоделски сектори.
  • Новата студија обезбедува анализи и препораки за мерки во земјоделскиот сектор како одговор на ризиците од влијанијата од климатските промени во регионот, особено во Албанија, Македонија, Молдавија и Узбекистан.

Обезбедување на доволно храна во време на климатски промени е критичен развоен предизвик во денешниот свет. Проекциите предвидуваат дека производството на храна во светот треба да се зголеми за 70-100 проценти до 2050 година со цел да ги исполнат барањата на свет со девет милијарди жители. Како дел од напорот да се одговори на предизвиците, се разви нов пристап кон земјоделието. Овој пристап, познат како “климатски паметно земјоделие“, ја истакнува потребата од земјоделски практики кои истовременено ќе ја зголемат продуктивноста во денешната клима, ќе креираат издржливост на климатските промени и ќе ја намалат емисијата на стакленички гасови - со што ќе има “тројна придобивка“ во земјоделскиот сектор, како и обезбедување одржливи решенија за предизвиците предизвикани од промените на глобалната клима.

Open Quotes

Негативните влијанија од климатските промени ќе имаат сериозни ефекти врз земјоделието и снабдувањето со вода, главен автор на извештајот. “Тоа ќе има влијание врз сигурноста за храна, исхраната и руралната благосостојба“. Close Quotes

Вилијам Сатон
главен автор на извештајот, Светска банка

Климатските промени се веќе  во тек во регионот на Европа и централна Азија и се забрзуваат, зајакнувајќи ја потребата за непосредни, среднорочни и долгорочни решенија, кои ќе им помогнат на сите вклучени во земјоделството да ги намалат нивните негативни влијанија. Промените во моделите на врнежи, температурите во пораст и зголемувањата во зачестеноста и интензитетот на природните катастрофи ги принудуваат луѓето да се осврнат кон овие влијанија на нови и иновативни начини и да започнат да се прилагодуваат. И додека промените во климата и ефектите од неа во земјоделството ќе имаат влијание на населението во глобални рамки, руралното население ќе биде најранливо.

Новата студија за влијанието на климатските промени во земјоделството во регионот на Европа и централна Азија го вклучува климатски паметниот пристап во земјоделскиот развој во регионот. Гледајќи подалеку од хоризонтот: Како влијанијата на климатските промени и одговорите за прилагодување ќе го преструктурираат земјоделството во источна Европа и централна Азија ги истражува предизвиците и можностите кои се создадени во земјоделскиот сектор во Албанија, Македонија, Молдавија и Узбекистан. Преку целосно економско моделирање на водоснабдувањето и побарувачката, анализите открија дека во повеќето случаи, достапноста до вода за наводнување ќе биде сериозно намалена со климатските промени. Тоа особено ќе влоши ефектите од климатските промени врз културите – особено наводнуваните култури- со можни намалувања на родот од 20-50 проценти до 2050 година.

Студијата, исто така, им нуди на земјите праткични совети за помош во земјоделскиот сектор и негово прилагодување кон промените во климата, со комбиниран напор истовремено да се намали ранливоста на земјоделците на климатката променливост и да се зајакне нивната можност да заработат на потенцијалните придобивки претставени од климатските промени.

“Негативните влијанија од климатските промени ќе имаат сериозни ефекти врз земјоделието и снабдувањето со вода“, вели Вилијам Сатон, главен автор на извештајот. “Тоа ќе има влијание врз сигурноста за храна, исхраната и руралната благосостојба“.

Албанија, Македонија, Молдавија и Узбекистан веќе започнаа со креирање на соодветни политики базирани врз наодите од студијата. Врз основа на препораките, владата на Албанија имплементира нов проект за наводнување и дренажа. Македонија вклучи делови од книгат во новата Стратегија за партнерство со земјата. Молдавија вклучува делови од овој извештај во нивниот проект за ублажување на ризиците од катастрофи и адаптација, а Узбекистан пилотира неколку препораки од извештајот.

Понатаму, во тек се активности во Ерменија, Азербејџан и Грузија да го реплицираат успехот од овој проект и изградат мали серии анализи и препораки од овие земји.

Преку поддршка на климатски паметно земјоделство и имплементација мерки кои го подобруваат земјоделското производство, намалување на емисиите и зголемување на отпорноста кон климатските промени, земјоделскиот сектор во регионот прави чекори кон обезбедување земјоделска одржливост во декадите кои доаѓаат.