Оваа страница на:

СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ

Новата студија на Светска банка нуди препораки за одговор на климатските промени во земјоделскиот сектор во Република Македонија

4 Април 2013

Вашингтон, 4 април, 2013 – Новата студија на Светска банка за влијанијата на климатските промени врз земјоделието во регионот на Европа и централна Азија посочува дека предвидените температурни промени и врнежи во Република Македонија ќе ја зголемат ранливоста на земјоделскиот сектор и руралното население во земјата доколку не се преземат конкретни активности.

Студијата Гледајќи подалеку од хоризонтот: како влијанието на климатските промени и решенијата за прилагодување ќе го преструктурираат земјоделството во источна Европа и централна Азија, нуди нов увид и можности за прилагодување за земјоделскиот сектор во Албанија, Македонија, Молдавија и Узбекистан.

Според книгата, температурите во Македонија се очекува да пораснат за 1.8o целзиусови во следните 40 години – што е многу повеќе од порастот од 0.5 o целзиусови степени забележан во земјата во последните 50 години. Температурите во пораст, придружени со промените во моделите на врнежи насекаде низ земјата, се очекува сериозно да влијаат на земјоделското производство во регионот преку зголемување на температурите за 4-5o C во лето, заедно со намалена снабденост со вода за време на клучниот период за раст од мај до септември.

Врз основа на овие предвидувања, студијата нуди оценка на влијанијата на климатските промени врз земјоделското производство во три агро-еколошки зони (АЕЗ) во земјата. Среднорочните сценарија за влијанијата во студијата покажуваат дека проектираните промени во приносите во земјата ќе се разликуваат во зависносто од АЕЗ и од културите. Производството на култури од продукти како јаболки и грозје можно е да опадне до 45 проценти. Од друга страна, пченичните приности – без разлика дали се наводнувани или со врнежи – се очекува да се зголемата во сите АЕЗ, со можност и за двојно зголемување во некои области.

Се цел истовремено да се надоместат негативните влијанија од проектираните сценарија и искористат потенцијалните можности создадени од климатските промени, студијата нуди можности во адаптацијата, развиени во вид специфичен водич за тоа како Македонија може да ја намали ранливоста од климатските промени во својот земјоделски сектор.

“Земјоделците веќе се соочуваат со влијанијето на климатските промени и нивната благосостојба зависи од нивната способност да одговорат со свои напори на овие ефекти, заедно со помош од нивните влади и приватниот сектор“, рече Вилијам Сатон, автор на книгата и главен економист во Светска банка. “Студијата нуди  пристап кон истражување на потенцијалните влијанија на климатските промени врз земјоделтвото и осмислување на повеќе опции за сите страни да имаат значителна улога во прилагодување на влијанијата и искористување на сите можности“.

Клучните препораки на национално ниво вклучуваат:

-          Подобрување на образовниот систем на земјоделците преку зголемениот пристап до него, со фокус на зголемената суша и земјоделски сорти отпорни на штетници;

-          Подобрување на достапноста на хидро-метеоролошки информации до земјоделците; и

-          Поттикнување за консолидација на фармите.

Клучните препораки на ниво на Агро-еколошки зони:

-          Подобрување на разновидноста на културите и добитокот;

-          Зголемување на достапноста до вода и рехабилитација на системите за наводнување и дренажа; и

-          Промовирање мерки за контрола на ерозија на почвата.

Студијата веќе помогна во обликување на земјоделскот развој во Македонија. Препораките од анализите спроведени за климатските промени и земјоделството во земјата се веќе вклучени во последната Стратегија за партнерство со земјата со Светска банка и се интегрирани во Стратегијата за зелен развој, која моментално се развива за земјата.

“Тука се работи за адаптација кон климатските промени со цел минимизирање на штетните ефекти“, рече Јитендра Сривастава, ко-автор на книгата и консултатнт специјалист за земјоделство во Светска банка. Со дадените ресурси и информации, земјоделците може да ги искористат предностите на долгите циклуси на раст и да садат поиздржливи култури, со што ќе бидат сигурни дека може да заработат“.

“Веруваме дека е итно и основно да се разбере опсегот на климатските промени, нивното влијание врз земјоделството и можните одговори во регионот.Студијата има за цел да се осврне на овие проблеми преку јакнење на свесноста за климатските промени во нашите земјите клиенти и да им понуди практични климатски решенија“, рече Дина Умали – Деинингер, сектор менаџер за одделот за земјоделски и рурален развој за регионот на Европа и централна Азија при Светска банка.

Студијата е дел од поширок пристап кон климатски паметното земјоделие, применет од Светска банка. Овој пристап ја истакнува потребата за земјоделски практики кои истовремено ќе ја зголемат продуктивноста во денешната клима, креирање издржливост кон климатските промени и намалување на емисијата на стакленички гасови – со што ќе има “тројна придобивка“ во земјоделскиот сектор и обезбедување одржливи решенија на предизвиците предизвикани од промените на глобалната клима.