Learn how the World Bank Group is helping countries with COVID-19 (coronavirus). Find Out

УДАРНА ТЕМА

“Свеж воздух и бесплатен интернет” во руралните средини во Македонија

23 Јули 2014


Image
World Bank


“И чист воздух и бесплатен Интернет” зборува статијата објавена од еден онлајн вебпортал по пуштањето во употреба на првите 680 Киосци за бежичен бесплатен интернет пристап во Република Македонија. Поедноставно кажано, насловот ги содржи  позитивните придобивки од владиниот прокет Wi-Fi Киоск со кој се овозможува слободен пристап до владините е-услуги, вести, социјални мрежи и веб пребарувања во најоддалечените и рурални делови на земјата.

До влезот во Алгуња, мало село со околу 240 жители кое се наоѓа во општината Старо Нагоричане, североисточно од Скопје, ние моравме да менуваме автомобили, бидејки патиштата се тешко проодни и поради тоа моравме да возиме до врвот на ридот каде се наоѓа подрачно училиште, и каде е лоциран еден од  Wi-Fi Киосците. Неколкуте куќи кои ги забележавме на нашиот пат нагоре изгледаа скромно, што го потврдија она што го знаеме од статистиката: споредено со урбаните домаќинства, руралните домаќинства во Македонија имаат пониски примања, повисоко ниво на невработеност и поседуваат помалку трајни производи, како што се мобилни телефони или статични компјутери. Училиштето каде пристигнавме, изгледаше како да му е потребна итно обложување, подобрување на канализацијата и топлинска изолација на прозорците. Средствата за да се извршат потребните поправки, се чини, не се достапни – што за жал, е чест случај за училишта со мал број на ученици. Затварањето на училиштата со недоволен број на ученици и нивно преселување во училишта со повеќе ученици може да изгледа како прагматично решение, но таквите решенија се многу непопуларни кај локалното население.

Училиштата во оддалечени области, како Алгуња, не само што ја имаат главната образовна функција, туку истототака го поврзуваат локалното население со надворешниот, модерен свет. Благодарение на  Wi-Fi Киосците кои се наоѓаат во близина на училиштето, домаќинствата на растојание од 100 метри од училиштето добиваат бесплатно поврзување.

Огромниот планински терен на Македонија и ниската густина на население значи дека распространувањето на комерциалниот широкопојасен интерент е предизвик. Поради тоа, Министерството за информатичко општество и администрација(МИОА) одлучи да го донесе поврзувањето во руралните средини, користејќи ја постоечката Wi-Fi  канопи инфраструктура, поставена и комерцијализирана преку проектот на USAID “ Македонија се поврзува”  во 2007 година. Иако застарена денес, технолошки кажано, канопи решението сеуште им овозможува на поголемиот дел од руралните училишта во земјата да бидат поврзани на интернет со брзина до 1 Mbps. За многу области кои немаат интернет сервис провајдер или пак имаат попречено напојување, оваа инфраструктура е добредојдена. Всушност, не е невообичаено да видите група на деца соберени околу киосците за да ја завршат својата домашна задача.

Проектот за  Wi-Fi Киосците тежнее да оствари повеќе цели кои се соединети под една сеопфатна цел: да се донесе “информатичкото општество“ во руралните средини. На барање на Министерството да извршиме независна проценка за проектот, собравме  информации од крајните корисници, владините претставници, и приватниот сектор. Додека напредокот на одредени цели не е измерен до денес, нашиот тим потврди дека  целокупната владина интервенција имаше позитивен ефект врз локалниот рурален развој и всушност отиде чекор напред од првично планираните резултати.

  • Локалните училишта со слаба или без конекција беа во можност да пристапат до бесплатен широкопојасен интернет за образовни и административни цели (Wi-Fi киосците обезбедија интернет пристап за 115 училишта, кои се соочуваа со проблеми со поврзување преку фиксна линија  вп учебната 2013-2014 година);
  • Иако не сите жители на руралните села каде што WiFi киосци се инсталирани ги употребуваат киосците, а нашата испитаничка група ги вклучува оние кои живеат во општини каде нема инсталирани WiFi киосци  (според нашето истражување околу 39 % од локалното население користи киоск),  мнозинството од нив ја гледа локалната потреба за постоење на  киосци (околу 83 % веруваат во тоа ) и ќе бидат разочарани ако WiFi киосците бидат отстранети (52 % од испитаниците веруваат дека ќе има реакција во локалната заедница);
  • Киосците им овозможија на  руралните жители да пребаруваат на интернет, да дојдат до брзи информации за нешто што навистина им е потребно, да се здобијат со вредни информации за одредени теми, да добијат информации за политички процеси или да учествуваат во демократските процеси, и да  комуницираат со другите. Комуникација со пријателите и роднини станува сè повеќе и повеќе важна во поглед на постоечките миграциски текови на други места поради економските тешкотии ;
  • Локалното население доби пристап до владините е-услуги и информации од јавен карактер со што се намалени трошоците на владата и крајните корисници (еден оператор објави дека над 60% од неодамна посетени  интернет сајтови биле оние на јавните институции);

Проектот првично е планиран за четири години и следи негово прекинување . Во одредени области, приватни оператори ја пополнија празнината и најдоа причина за  бизнис за да започнат со обезбедување на интернет пристап. Меѓутоа, во 522 од 680 локации, високите трошоци и трошоците за одржување сеуште претставуваат ограничување за комерцијалниот развој на интернет пристап. Нашиот тим е загрижен дека одредени локации со нула покриеноста со широкопојасен интернет, кои се располагање, одеднаш ќе бидат подложени на "интернет затемнување". На пример, киоскот во Алгуња ќе биде укинат во средината на август, 2014 година. Владата  вложи многу  напор за да ги доближи и поврзе некои навистина "исклучени" области, кои дадоа реални и видливи придобивки. Несомнено, овде не треба да се запре: потребен е поголем напор за да се обезбеди дека резултатите постигнати со овој проект се одржат после неговото четиригодишно траење.

Авторите се благодарни на Анита Божиновска и Артан Салиу од Канцеларијата на Светска банка во Македонија за превод на блогот на македонски и албански јазик. 




Api
Api