УДАРНА ТЕМА

Создавање повеќе и подобри работни места во Европа и централна Азија

7 Ноември 2013


Image

Назад на работа: Раст со работни места во Европа и централна Азија целосна верзија на овој графикон.


ГЛАВНИ ПОЕНТИ НА ПРИКАЗНАТА
  • Новиот регионален извештај ја разгледува улогата на реформите на политиките, фирмите, вештините, мотивациите и пречките за работа во Европа и централна Азија, како и начините за создавање повеќе и подобри работни места.
  • Извештајот укажува дека земјите треба повторно да го забрзаат спроведувањето на економски и структурни реформи за да им овозможат на луѓето да се вратат на работа.
  • Активностите на политиките треба да бидат насочени кон помагање на новите и постоечките фирми да создадат работни места, како и кон обезбедување на поддршка за работниците за прилагодување и мобилност за да ги искористат новите можности за работа.

7 ноември 2013 година – Според новиот извештај на Светска банка, „Назад на работа: Раст со работни места во Европа и централна Азија“, земјите во Европа и централна Азија треба да спроведат промени на политиките кои опфаќаат неколку сектори и содржат повеќе од традиционалните мерки на пазарот на трудот односно реформи на регулативите, со цел да придонесат за раст на економијата, истовремено создавајќи повеќе и подобри работни места.

Работните места имаат централна улога во животите на луѓето и се важни за постигнување на заеднички просперитет во регионот, што претставува клучна цел за Групацијата Светска банка. ЕЦА, слично како и другите региони ширум светот, страдаше по економската криза во 2008 година. Вработувањето и платите значително се намалија во најголем дел од земјите, а нивното заздравување не е доволно брзо. 

Значи што треба да се направи за да се создадат повеќе и подобри работни места во регионот?  Извештајот го предлага следново:

  • Овозможување на приватниот сектор да го предводи создавањето на работни места: Само околу 10 до 15 проценти од сите компании сочинуваат преку две третини од нето создадените работни места во регионот пред кризата во 2008 година, што ја нагласува потребата за промени на политиките во насока на поддршка на растот на вработувањето кај постоечките фирми и поттикнување на на нови фирми да започнат со работа и да успеат или да пропаднат брзо и со мали трошоци. Дел од начините за ова да се постигне, вклучуваат понатамошни реформи за подобрување на конкурентноста, запишувањето на имот, оданочувањето и инфраструктурата.
  • Помагање на вработените да се стекнат со вистинските вештини: Компаниите сега даваат поголем акцент на когнитивните и „меки“ вештини, во однос на рутинските односно мануелните вештини. Меѓутоа, според меѓународните стандардизирани тестови, еден од секои пет лица на возраст од 15 години во регионот е функционално неписмено – т.е. нивното образование не успеало да ги вгради основните когнитивни вештини кои компаниите ги бараат. Мерките како подобрување на политиките за развој во раното детство, зголемување на квалитетното предучилишно и основно образование, осигурување на квалитетот на проширеното високо образование, надминување на неуспесите на пазарот и обезбедување на поттик за поголемо ниво на обука на работното место, се мерки кои би можеле да помогнат во оваа насока.
  • Надминување на дестимулациите за работа во системите за оданочување односно социјална заштита: Во просек, даноците на приход и придонесите за социјално осигурување изнесуваат 37 проценти од трошоците на трудот во регионот. Исто така, постоечките пензиски системи често пати поттикнуваат рано пензионирање, што пак го зголемува бројот на неактивно работоспособно население во регионот. Намалувањето на даноците на трудот, особено за работниците со ниски приходи, развивање на паметни системи за социјална заштита и спроведување на основни пензиски реформи се од есенцијално значење за поголемо вработување и зголемување на работниот век, се наведува во извештајот.
  • Отстранување на пречките за вработување на жените, малцинствата, младите и постарите работници: Постојат и други пречки вон пазарот на трудот, како што се недостатокот на можности за згрижување на деца односно постари лица, работни аранжмани со ограничена флексибилност и други социјални норми, кои го ограничуваат пристапот до економски можности кај жените, младите и постарите работници. Отстранувањето, односно минимизирањето на влијанијата на овие пречки преку обезбедување да добри можности за згрижување на деца и постари лица и флексибилност во работното време ќе придонесе повеќе лица да се вклучат во работната сила.
  • Отстранување на пречките за внатрешна селење: Иако луѓето се селат во странство, мобилноста во рамките на земјите, особено кај постарите работници, е на ниско ниво. Поддршка во развојот на пазари за домување и кредити, отстранувањето на административните услови за жителство од социјалистичкото наследство, овозможување на преносливост на социјалните надоместоци и лесна достапност до основните услуги насекаде, се само некои од мерките кои можат да доведат до зголемување на домашната подвижност, што ќе донесе работници во места со поголем потенцијал за работа.

Овие мерки, заедно со подобрувањето на деловната клима, зголемување на конкурентноста на пазарите на трудот, модернизирање на јавниот сектор, извршување ремонт на финансискиот развој и подобро интегрирање со глобалните пазари се потребни за економски раст заедно со позитивно и одржливо создавање на работни места ѓирум регионот. 


Api
Api

Welcome