СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ

Вработеноста во Југоисточна Европа се зголемува со зголемувањето на растот

27 Септември 2016


Скопје, 27-ми септември – Растот во Македонија се очекува да забави и да достигне ниво од 2 проценти во 2016 година, под влијание на намалувањето на инвестициите, меѓутоа потоа постепено ќе закрепне и ќе достигне 3,3 проценти во 2017 година односно 3,7 проценти во 2018 година, поткрепено со финална потрошувачка и инфраструктурните инвестиции.  Ова се дел од предвидувањата во најновиот редовен економски извештај за Југоисточна Европа, претставен денес во Брисел. Политичката несигурност влијаеше врз инвестициите, што доведе до намалување на растот, спротивно од регионалниот тренд.

Потрошувачката остана главен двигател на растот, поддржана од вработувањата и повисоките јавни плати и трансфери.

Фискалниот дефицит се зголеми од првично буџетираните 3,2 проценти од БДП на 4,1 проценти поради поголемите трошења на плати, пензии и социјални трансфери отколку првично буџетираните, како и поради прилагодување на потрошувачката поврзана со справување со поплавите.

Во целина, најновиот Редовен економски извештај на Југоисточна Европа нотира дека економскиот раст во Југоисточна Европа во изминатата година се зголеми, а високите стапки на невработеност започнаа да се намалуваат.

Економскиот раст предвиден во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија се очекува да достигне 2,7 проценти во 2016 година, што е зголемување од 2,2 проценти во 2015 година.  Умереното зголемување на растот се предвидува да продолжи и во 2017 и 2018 година. 

„Основа на овој раст беше Србија, најголемата економија во регионот“,вели Барбара Куња, виш економист на Светската банка и водечки автор на овој извештај.Растот во Србија се придвижи од 0,7 проценти минатата година, по последиците од поплавите во 2014 година, до очекуваните 2,5 проценти оваа година,“

Другите економии во регионот се очекува да одржат ниво на раст помеѓу 2,8 и 3,6 проценти во 2016 година, со исклучок на забавувањето во Македонија. Во многу од земјите во регионот растот се  рефлектира во работни места. Вработеноста се зголеми за 4,7 проценти во Србија и 6,7 проценти во Албанија, во првата половина од 2016 година.

 

2015

2016п

2017п

2018п

Раст на реалниот БДП (Проценти)

       

Албанија

2,8

3,2

3,5

3,5

Босна и Херцеговина

3,0

2,8

3,2

3,7

Косово

3,9

3,6

3,9

3,7

Македонија

3,7

2,0

3,3

3,7

Црна Гора

3,2

3,2

3,6

3,0

Србија

0,7

2,5

2,8

3,5

ЈИЕ6

2,2

2,7

3,2

3,6

„Засилениот раст почнува позитнов да влијае врз сиромаштијата и невравотеноста во регионот“, забележува Елен Голдстин, регионален директор за Југоисточна Европа при Светска Банка.  „Иако стапката на невработеноста сѐ уште е висока, на ниво од околу 25 проценти, сепак оваа бројка годинава се намали во пет од шесте земји на Југоисточна Европа.“

Глобалните економски околности не одат во прилог на растот, туку за малите економии како оние во Југоисточна Европа, внатрешните реформи може да стимулираат посилен надворешно ориентиран раст дури и во услови на глобално забавување.  

 “Земјите со силни програми на реформи забележаа зголемување на инвестициите кои станаа цврст двигател на растот во првата половина на 2016 година,вели Катиа Вострокнутова, главен економист на Светска банка и еден од авторите на извештајот.Приватните инвестиции дадоа исклучителен придонес во растот во Србија и Албанија, а фискалните дефицити и јавниот долг се намалија како одговор на реформите во овие две земји“.

Просечниот фискален дефицит во регионот се намали од 3,6 проценти во 2015 година на 3,3 проценти во 2016 година. Овој дефицит крие значителни разлики меѓу земјите, со јавен долг кој се зголемува во оние земји каде фисалните сметки беа оптеретени од зголемена јавна потрошувачка.

Извештајот заклучува дека регионот продолжува да расте и покрај тешкото Европско и глобално опкружување. За да се одржи растот се препорачуваат понатамошни реформи за одржување на макроекономската стабилност, поттикнување на актиноста на приватниот сектор, згоелмување на ефикасноста на јавниот сектор и создавање на издржливост од надворешни шокови.

Контакти:

Во Брисел: Ана Ковалчик +1(202) 290 9281 akowalcyzk@worldbank.org
Во Вашингтон: Елена Карабан (+1-202) 473-9277 ekaraban@worldbank.org
Во Сараево: Јасмина Хаџиќ, (+387-33) 251-502, jhadzic@worldbank.org
Во Белград:  Весна Костиќ, (+381-11) 302-3723, vkostic@worldbank.org
Во Тирана: Ана Гјокутај, (+355-4) 80-655, agjokutaj@worldbank.org  
Во Приштина: Лундрим Алиу, (+381-38) 224-454 #107, laliu1@worldbank.org   
Во Подгорица: Јасмина Хаџиќ, (+387-33) 251-502, jhadzic@worldbank.org
Во Скопје: Анита Божиновска, (+389-2) 3117-159, abozinovska@worldbank.org

 

Целосниот извештај се наоѓа на https://www.worldbank.org/seerer

 

 



СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ БРОЈ:
2017/ECA/018

Api
Api

Welcome