Learn how the World Bank Group is helping countries with COVID-19 (coronavirus). Find Out

СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ 4 Мај 2020

Поддршката на Светска банка за земјите од Европа и Централна Азија како одговор на пандемијата КОВИД -19 достигна 1.4 милијарда долари, Ана Бјдерде стапува на должноста регионален потпретседател

ВАШИНГОН, 4-ти мај, 2020 – Госпоѓа Aна Бјерде, Швеѓанка по националност, на 1-ви мај, 2020 година стана новата потпретседатлка на Светска банка за регионот на Европа и Централна Азија. Таа ќе ги предводи стратешките, аналитички, оперативни и истражувачки активности во регионот.

Госпоѓа Бјерде го презема водството на регионот на Европа и Централна Азија во период на исклучителни предизвици за земјите клиенти на Банката. Многу земји се соочуваат со сериозни здравствени, социјални и економски последици како резултат од КОВИД-19 пандемијата. Во услови на континуирана неизвесност, најновото економско ажурирање на Светска банка во Европа и Централна Азија предвидува различни сценарија за негативен раст за регионот, вклучително и голема рецесија во 2020 година, со раст кој се движи помеѓу -4,4 и- 2,8 проценти.

„Како потпретседателка за Европа и Централна Азија, ќе соработувам со владите во земјите клиенти за да им помогнам во постигнување на силни развојни резултати, но нашиот сегашен фокус е насочен кон решавање на последиците од КОВИД -19 пандемијата врз здравството и економијата“, вели Ана Бјерде , потпретседателка на Светска банка за регионот на Европа и Централна Азија. „ На краток рок, обезбедуваме брзо финансирање и алатки за политики за да помогнеме во заштита на човечките животи и приходите на граѓаните. На среден рок, ќе им помогнеме на државите да ги ублажат економските и фискални последици од кризата преку соодветни мерки на политики и финансирање.“

До сега, Светската банка обезбеди повеќе од 1,4 милијарди долари за да им помогне на земјите во Европа и Централна Азија да ги ублажат последиците од КОВИД-19. Од 2-ри април 2020 година, околу 490 милиони долари се одобрени преку нови проекти за итен одговор. Покрај тоа, 925 милиони долари се распределуваат, користат или се ставаат на располагање од постојните проекти и заеми, вклучително и дополнително финансирање, за да им се помогне на земјите да одговорат на КОВИД -19.

Финансирањето овозможува набавка на медицинска опрема, вклучително дијагностички комплети, респиратори и вентилатори, и зајакнување на капацитетите на здравствените системи, во што спаѓа и обука на здравствените работници, како и за поддршката во социјалната заштита за најранливите погодени од КОВИД -19. Моментално, неколку земји од регионот разговараат со Светска банка за идни проекти и поддршка за да им помогнат во справувањето со влијанијата од пандемијата.

Госпоѓа Бјерде во текот на нејзината дваесет и петгодишна кариера била на повеќе високи функции во Светска банка. Таа е признат лидер во областа на економскиот развој, со фокус на инклузивен раст и одржлив развој. Госпоѓа Бјерде доаѓа на местото на Сирил Мулер, кој беше потпретседател за регионот на Европа и Централна Азија од јули 2015 година.

Групација Светска банка и одговор на КОВИД-19

Групацијата Светска банка, еден од најголемите извори на финансирање и знаења за земјите во развој презема широки и брзи активности за да им помогне на земјите во развој да го зајакнат својот одговор на пандемијата. Го подобруваме следењето на болестите, ги подобруваме интервенциите на јавното здравство и му помагаме на приватниот сектор да продолжи да работи и да ги задржи работните места. Во следните 15 месеци ќе распоредиме до 160 милијарди долари финансиска поддршка за да им помогнеме на земјите да ги заштитат сиромашните и ранливите, да ги поддржат бизнисите и да го поттикнат економското закрепнување, вклучувајќи и 50 милијарди долари нови ресурси на ИДА во вид на грантови или заеми со многу поволни услови.


СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ БРОЈ: 2020/ECA/102

Контакт

Washington
Carl Hanlon
(202) 460 8526
chanlon@worldbank.org
Washington
Kym Smithies
(202) 458 0152
ksmithies@worldbank.org
Washington
Sona Panajyan
(202) 473 9751
spanajyan@worldbank.org
Api
Api