ВИЕНА, 7 октомври 2025 година—Економскиот раст во Западен Балкан се очекува умерено да забрза во 2026 година и да закрепне до 2027, поддржан од зголемувањето на инвестициите и постепено опоравување на извозот. Според најновиот извештај на Светска банка, објавен денес, за да се одржи напредокот кон приближувањето до Европската Унија, регионот мора да се фокусира на отворање на квалитетни работни места.
Економскиот раст во Западен Балкан во 2025 година забави бидејќи инфлацијата предизвика намалување на потрошувачката, а зголемената несигурност ги ограничи трговијата и инвестициите и покрај постојаниот раст на платите и на кредитите. Фискалната политика, иако до некаде олабавена, и понатаму е дисциплинирана со дефицит под 3% и јавен долг на надолна траекторија.
Редовниот економски извештај за Западен Балкан проектира дека просечниот регионален раст во 2025 година ќе достигне 3,0% што е за 0,2 проценти поени помалку од пролетната проекција. Растот се предвидува да се зголеми[AB1] на 3,1% во 2026 и на 3,6% во 2027 година.
„Западен Балкан напредува во намалувањето на развојниот јаз во однос на напредните економии на Европската Унија, но растот сепак не е доволен за да се затвори овој јаз,“ изјави Шаокинг Ју, директор на дивизија за Западен Балкан во Светска банка. „За да му се помогне на регионот, важно е да се преформулираат стратегиите за работни места – како што се охрабрувањето на поголемо учество на пазарот на труд, подобрувањето на вештините на населението и растот на фирмите преку дигитални надградби.“
Табела 1. Изгледите на Западен Балкан, 2022-27 година
(Реален раст на БДП по пазарни цени во проценти)
|
|
|
|
| Разлика во процентни поени од проекциите во пролетниот извештај за 2025 година | |||||
| 2022 | 2023 |
2024
| 2025e | 2026f | 2027f |
| 2025f | 2026f | 2027f |
Реален раст на БДП (проценти) |
|
|
|
|
|
|
|
|
| |
Aлбанија | 4.8 | 4.0 | 4.0 | 3.7 | 3.5 | 3.5 |
| 0.5 | 0.4 | 0.4 |
Босна и Херцеговина | 4.2 | 2.0 | 3.0 | 2.6 | 3.0 | 3.2 |
| -0.1 | -0.1 | -0.3 |
Косово | 4.3 | 4.1 | 4.4 | 3.8 | 3.8 | 3.9 |
| 0.0 | 0.0 | 0.1 |
Црна Гора | 7.7 | 6.5 | 3.2 | 3.3 | 3.2 | 3.2 |
| 0.3 | 0.3 | 0.2 |
Северна Македонија | 2.8 | 2.1 | 2.8 | 3.1 | 3.0 | 3.0 |
| 0.4 | 0.3 | 0.2 |
Србија | 2.6 | 3.8 | 3.9 | 2.8 | 3.0 | 4.0 |
| -0.7 | -0.9 | -0.2 |
Шесте земји од Западен Балкан | 3.5 | 3.5 | 3.6 | 3.0 | 3.1 | 3.6 |
| -0.2 | -0.5 | -0.1 |
Извор: Светска банка.
Забелешка: Проценките и прогнозите ги отсликуваат податоците достапни до 20 септември 2025 година. e = проценка; f = прогноза.
БДП = Бруто домашен производ.
Според извештајот, Западен Балкан се соочува со парадокс на пазарот на труд: во одредени сектори опстојува недостигот на работна сила и покрај високите стапки на невработеност – над 10 проценти – и ниското учество во работната сила, што и понатаму е под 55 проценти, особено кај жените, младите и постарите возрасни лица.
Демографските трендови ги влошуваат овие предизвици. Работоспособното население веќе е значително намалено и се проектира дека до 2050 година ќе се намали за скоро 20 проценти. Ако продолжат постојните трендови на населението, растот и пазарот на труд, регионот во следните пет години би можел да се соочи со недостиг на повеќе од 190.000 работници.
За да го поттикне растот, регионот на Западен Балкан мора да инвестира во основна инфраструктура што е критична за отворањето работни места. Тоа опфаќа зајакнување на образовниот и на здравствениот систем и зголемување на учеството во работната сила – особено кај жените и младите. Инвестирањето во транспортната инфраструктура, животната средина и во енергетската инфраструктура ќе помогне побрзо и поефикасно да се поврзат фирмите и луѓето, а со тоа да се подобри продуктивноста.
Второ, зајакнувањето на управувањето и поддршката на политиките за поттикнување на приватниот сектор, заедно со предвидливото регулаторно опкружување, е неопходно за да му се овозможи на приватниот сектор да работи и да расте. Поттикнувањето на конкуренцијата во клучните сектори како што се енергетиката и транспортот, реформирањето на претпријатијата во државна сопственост, зајакнувањето на прописите и поддршката на иновативните стартапи ќе овозможат бизнисите да се шират и да го подобрат квалитетот на услугите.
Конечно, мобилизирањето на приватниот капитал треба да ги поддржи бизнисите со финансирање, инвестиции, гаранции и осигурување, истовремено охрабрувајќи ги дигиталните и зелени надградби.
***
За добиете повеќе информации и за да ги видите претходните изданија на Редовниот економски извештај за Западен Балкан, кликнете тука.
Контакти:
Виена: Филип Кочан, fkochan@worldbank.org
Белград: Гордана Филиповиќ, gfilipovic@worldbankgroup.org
Приштина: Лундрим Алиу, laliu1@worldbank.org
Скопје: Анита Божиновска, abozinovska@worldbank.org
Сараево: Јасмина Хаџиќ, jhadzic@worldbank.org
Тирана: Матилда Дури, mduri@worldbank.org
Вашингтон: press@worldbank.org