Новите патишта заштедуваат пари и заштитуваат живот во Македонија

9 Септември 2015

World Bank Group

Патишта кои се распаѓаат или понекогаш немање воопшто пат, го прави животот во некои делови на Македонија потежок. Сега, преку проектот, се поврзуваат градови и села со нови патишта, кои се побезбедни и кои заштедуваат истовремено и пари и време.

Харис Ибраими е правник во општина Маврово, Република Македонија.

Тоа е планински регион каде, слично на други делови од земјата, состојбата на патиштата со текот на годините се влошила.

“Претходно возев по руиниран пат, полн со дупки и опасен за сообраќај и возење. Требаше многу време за да се помине мало растојание“, вели 33 – годишниот Харис.

Новиот пат кој води до селото каде живее Харис е дел од проектот на Светска банка за надградба на регионалните и локалните патишта во Македонија.

До сега, скоро 700 километри од регионалните и локални патишта во земјата се обновени преку проектот, во 73 различни општини во малата земја во југоисточна Европа.


" Патот стана безбеден за возење благодарение на одбојните огради, и потребно е помалку време за возење.  "

Харис Ибраими

Маврово

Преку проектот, исто така, беше заменета патната сигнализација, со цел обезбедување патна безбедност слична на најдобрите европски практики.

Сите овие работи, вклучително и одбојните огради, обележувањето на патните ленти и подобрувањето на одводните канали, значително ја подобрија патната безбедност.

“Патот стана безбеден за возење благодарение на одбојните огради. Исто така, потребно е помалку време за возење. Луѓето се среќни и патот го користиме секој ден“, вели Ибраими.


" Со новиот пат пристапот ќе биде олеснет, дури и во зима. За нас е важно да стигнеме на работа и да ги исполниме домашните потреби. "

Мукрем Мехмеди

градоначалник

Image

Селото Скудриње наскоро ќе добие асфалтиран пат, кој ќе ги поврзува жителите со главниот пат и ќе имаат пристап до виталните услуги во соседните градови.


Во селото Скудриње работниците кои работат на проектот, работат на терен на она што наскоро ќе биде асфалтен пат, кој ќе ги поврзува жителите на селото со главниот пат.

Новиот пат ќе го замени постоечкиот земјен пат за кој градоначалникот на општината и останатите жители велат дека со години го попречувал пристапот до виталните услуги во соседните градови, особено во зимскиот период!

“Со новиот пат пристапот ќе биде олеснет, дури и во зима. За нас е важно да стигнеме на работа и  да ги исполниме домашните потреби“, вели Мукрем Мехмеди, градоначалник на општина Маврово и Ростуша, во чија општина спаѓа с. Скудриње.

Новиот пат исто така ќе биде побрз, вели жителот на Скудриње, Башким Емини, кој предава во средно училиште во соседниот град.

“Изградбата на нов пат ќе го намали времето потребно да стигнам на работа за 25 минути“, вели тој.

Тоа се повеќе од 15 саати месечно кои ќе ги заштеди, вели Башким, кој вози до работното место пет дена во неделата!



700
километри од регионалните и локални патишта во земјата се обновени преку проектот
Извор »