Skip to Main Navigation
СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ8 Мај 2023

Со усвојување на зелени политики може да се помогне во намалување на ризиците поврзани со климатските промени и животната средина во земјоделството во Северна Македонија

СКОПЈЕ, 8ми мај, 2023 година—Вложување во политики кои го олеснуваат усвојувањето иновации што доведуваат до поодржливи земјоделски практики може да ѝ помогне на Северна Македонија да се справи со ранливостите поврзани со климатските промени и другите ризици по животната средина, се вели во извештајот на Светска банка Зелен раст во Северна Македонија во земјоделскиот сектор, презентиран денес во Скопје.

Агро-прехранбениот сектор е еден од клучните сектори кој придонесува за растот во Северна Македонија, со 7,6 проценти од БДП (во 2021 година). Тоа е повисоко отколку во повеќето споредливи економии во Западен Балкан и другите земји со висок среден приход во регионот на Европа и Централна Азија (ЕЦА).

Земјоделските системи во Северна Македонија се соочуваат со голем број предизвици кои вклучуваат адаптација на тековните климатски услови и секторска неефикасност. Ваквите предизвици се очекува да се зголемат како резултат на идните влијанија од климатските промени. Извештајот се фокусира на овие предизвици и ги истражува можните приоритетни политики за промовирање на позелена траекторија.

Северна Македонија, исто така, ќе треба да ги усогласи политиките за развој на земјоделскиот сектор за приближување кон целите на Европскиот зелен договор. Додека во дејности како што се употреба на вештачки ѓубрива и пестициди, руралната покриеност со широкопојасни мрежи и емисии на стакленички гасови (GHG) резултатите се над просекот на ЕУ-27, а земјата заостанува во однос на целите за органско земјоделство, поголема пределска разновидност и заштитени подрачја.

“Земјоделството бара сеопфатна мрежа мерки за негова заштита од климатските промени и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги следи и се прилагодува на условите, дополнително спроведувајќи ги сите расположливи мерки за заштита на приносите од климатските катастрофи”, изјави Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Извештајот ги проценува активностите потребни за повторно фокусирање на поддршката на земјоделскиот сектор да го одрази стремежот за зелен раст, следствените политики за финансирање и достапноста и капацитетот на механизмите за спроведување.

Извештајот наведува дека, иако поддршката на земјата за земјоделството преку јавно финансирање била дарежлива, а стратешките избори за политиките за земјоделство и рурален развој 2021-2027 година, подготвени од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се усогласени со новата Заедничка земјоделска политика (ЗЗП) и одговараат на предизвиците на секторот, Северна Македонија има непосредна можност да го зголеми фокусот врз дизајнот на политиките и нивното спроведување во области кои се релевантни за зелениот раст.

“Земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија, треба да продолжат да го развиваат својот агро-прехранбен сектор имајќи ја во предвид неговата важност за економијата и работните места но тоа треба да го сторат  истовремено фокусирајќи се на зазеленување на секторот, прилагодување на земјоделските и другите релевантни јавни институции во поддршка на усвојувањето паметни земјоделски климатски практики и зголемување на отпорноста, на секторот”, вели Фрауке Јунгблут, директорка на секторот за земјоделство и храна на Светска банка за Европа и Централна Азија.“Таквото усогласување ќе биде од клучно значење за да им се овозможи на земјите постојан пристап до пазарите на ЕУ, да се овозможи апсорпција на идните средства од ЗЗП, и овозможување земјоделците да се натпреваруваат на еднаква основа со останатите земјоделци од ЕУ”.

На краток рок, Владата треба да се фокусира на имплементација на политиките и мерките наведени во Националната стратегија за земјоделство и рурален развој 2021-2027 година. На среден и долг рок, иницијативите на политики за олеснување на зелената транзиција на агро-прехранбениот сектор треба да се интегрираат во нов, сеопфатен, стратешки пристап.

СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ БРОЈ: 2023/ECA/112

Контакт

Скопје
Анита Божиновска
Вашингтон
Кристофер Волш

Блогови

    loader image

НОВОСТИ

    loader image