Skip to Main Navigation
УДАРНА ТЕМА 7 Јули 2020

Од био-отпад до КОВИД тестирање: Трансформирање на бизнисот за справување со пандемијата во Северна Македонија

Image

БиоИнжинеринг ДОО, е мала инжинерска компанија сместена во Скопје, Северна Македонија, специјализира во истражување и развој на нови производи, системи и иновативни технологии на полето на екологија и индустриска биотехнологија. Кога КОВИД-19 пандeмијата започна да има влијание врз човековото здравје и добросостојба, и се закануваше да го оптовари државниот здравствен систем, Иван Кунгуловски, директор на БиоИнжинеринг ДОО го препозна потенцијалнот што  неговиот бизнис го има за да помогне во време на криза.

Кофинансирањето од Фондот за иновации и техношки развој, низ проектот за подршка на развој на вештини и иновации на Светска банка, овозможи компанијата да ја прошири својата работа на полето на молекуларна биологија, со што ја прошири својата работа и започна да извршува и рутинска микробиолошка и мета-геномска анализа.

„Дел од опремата која се наоѓаше во лабораторијата беше пренаменета и префрлена во лабораторија за генетика, со цел зголемување на постоечките капацитети за зголемените потреби од тестови за КОВИД-19“ вели Иван Кунгуловски. „Нашата лабораторија е првата која започна да ги прави овие тестирања во земјата кон крајот на јануари 2020. Со префрлање на биозаштитниот работен кабинет од ниво 2, успеавме да ја доведеме нашата лабораторија со протокол до ниво 3  потребен за работа со овој вирус.“


"„Во моментов, ги усовршуваме и прошируваме тестирањата за КОВИД-19, и започнавме со првото секвенцирање на вирусот на Балканот."
Иван Кунгуловски
директор на БиоИнжинеринг

Image

Иван Кунгуловски, директор на БиоИнжинеринг 


Со конверзија и набавка на нова опрема компанијата успеа да ги зголеми капацитетите до 400 КОВИД-19 тестови на ден. Паралелно на ова, компанијата работи на најновата технологија за откривање на антитела и започнаа со спроведување на овие тестови.

Во разговор поврзан со работата, г. Кунгуловски вели, „Во моментов,  ги усовршуваме и прошируваме тестирањата за КОВИД-19, и започнавме со првото секвенцирање на вирусот на Балканот. Набавивме дополнителна опрема и имаме нови практиканти кои ни помагаат во овие ситуации.“

БиоИнжинеринг ДОО е една од растечките компании во Северна Македонија кои ги пренасочуваат нивните вообичаени операции во нови начини за помош на државата во ова време на криза. Ангор-АГ компанија за технологија, од Струга, го нуди својот HEALTH eGuard – интегриран систем за превентивно здравје и откривање на кардиоваскуларни болести – на медицински професионалци бесплатно, со што им дозволува да го надгледуваат здравјето на своите пациенти без да има потреба  тие да доаѓаат во нивните ординации. Друга здравствена компанија, Иновејшн ДОО, исто така ги понуди своите услуги бесплатно за време на пандемијата донирајќи 10 електрокардиограми (ЕЦГ) сензори и обезбеди бесплатен софтвер за да можат докторите да ги надгледуваат своите пациенти од дистанца без физички контакт.

Компаниите кои работат во здравствениот сектор во Северна Македонија не се единствените компании кои развиваат уникатни решенија за да им помогнат на граѓаните во време на кризата предизвикана од пандемијата. Скампер центарот за едукација во Скопје нуди бесплатни едукативни материјали за деца од 3 до 6 години и овозможува дополнителни ресуси за родителите, додека центарот Марјановиќ нуди бесплатни курсеви и едукативен материјал за луѓе заинтересирани за веб дизајн и веб развој.

На сите овие компании им беше овозможено да пренасочат средства од Проектот за подршка на развој на вештини и иновации за да обезбедат подобри услуги за  своите сограѓани во време на кризата. Тие исто така се поврзани во рамките на поголема мрежа за поддршка која се формираше за време на КОВИД-19 пандемијата со цел да им се помогне на граѓаните да се справат во овие несигурни времиња - од зајакнување на здравствените системи до обезбедување можности за образование.

„Деноноќно се работи, но многу сме задоволни од резултатите кои ги постигнавме“ заклучи Иван Кунгуловски.


Api
Api