Skip to Main Navigation
Factsheet 20 Мај 2020

Проект за итен одговор на состојбата со КОВИД-19

Проектот за итен одговор на состојбата со КОВИД-19 во Северна Македонија беше одобрен неодамна со цел да помогне во намалување на локалната трансмисија на КОВИД – 19 и да ја зајакне подготвеноста на земјата за идна пандемија. Проектот ќе помогне во напорите да се заштитат граѓаните од пандемија, да се одговори на итните здравствени приоритети и обезбеди социјална помош за најранливите категории на граѓани во земјата. Повеќе информации за проектот се достапни на следните линкови: https://pubdocs.worldbank.org/en/550131589980483218/North-Macedonia-Emergency-COVID-19-Project-PAD-MKD.pdf

 https://projects.worldbank.org/en/projects-operations/document-detail/P173916

Светска банка ги следи тековните дискусии во медиумите поврзани со проектот. Посветивме големо внимание на интегритетот на проектниот дизајн и ja земаме сериозно во предвид загриженоста околу проектот и неговата имплементација. За таа цел, во прилог се факти поврзани со проектот: 

  • Проектот ќе помогне на Република Северна Македонија во детекција, превенција и одговор на заканата од КОВИД-19 пандемијата и ќе го зајакне јавниот здравствен систем.
  • Здравствената комопонента ќе го зајакне капацитетот на здравствениот систем преку идентификација и правилно управување со случаите поврзани со КОВИД – 19, вклучително и зајакнуање на капацитетот на Фондот за здравствено осигурување за покривање на зголемените трошоци од здравствени услуги.
  • Компонентата за социјална заштита ќе обезбеди времена поддршка за приходите на оние поединци и домаќинства кои се економски погодени од мерките неопходни за спречување на ширење на вирусот, како одржување на физичка дистанца и други рестрикции.

Светска банка има нулта толеранција за измама и корупција и сериозно ја сфаќа обврската да обезбеди дека средства од Групацијата Светска банка се користат за јасно дефинирани активности и истите стигаат до наменетите корисници.

Упатствата поврзани со набавка на Светска банка ќе се применуваат за набавка на здравствени материјали, опрема и услуги. Паричните трансфери до домаќинствата се регулирани со јасни критериуми за подобност и имаат механизми за надзор и контрола.

Договорите финансирани од Светска банка имаат клаузули кои ни овозможуваат да извршиме увид во досиејата на добавувачите и понудувачите во случај на сомнеж за измама и корупција. Светската банка исто така ќе го контролира процесот на набавки, синџирот на снабдување и плаќањата.

Во сите проекти на Светска банка се спроведуваат проверки за да се помогне во справувањето со доверителските ризици. Обезбедуваме соодветни аранжмани за финансиско управување за секоја операција како дел од фазата на подготовка. Ќе продолжиме одблизу да ги следиме доверителските ризици и да применуваме соодветни мерки за време на спроведување на проектот. Мерките вклучуваат редовен преглед на доверителските аранжмани на проектот, преглед на трансакциите за набавки, периодични финансиски извештаи и надворешна ревизија на финансиските извештаи на проектот.