Skip to Main Navigation
КРАТОК ИЗВЕШТАЈ 4 Октомври 2017

Светска банка објавува Повик за доставување на кратки трудови

Канцеларијата на Светска банка е во процес на подготовка на Систематска дијагностика за земјата (Systematic Country Diagnostic) за ПЈР Македонија. Дијагностиката има за цел да ги разгледува бариерите и можностите за инклузивен и одржлив раст на земјата и ќе идентификува приоритети во политиките.

Како дел од тој процес, Светска банка објавува Повик за доставување на кратки трудови.

Како ПЈР Македонија може да го забрза темпото на економски раст? Што може да се направи за да се обезбеди економски раст во корист на сите граѓани? Кои се главните предизвици во обезбедување одржливост на економскиот раст?

Светска банка е особено заинтересирана да добие трудови од млади истражувачи на четирите теми наведени подолу:

  1. Развој на приватниот сектор и конкурентност. На пример: приоритетни области за промоција на извозот и интеграцијата во глобалните ланци на вредности, иновации или раст на продуктивноста на компаниите.
  2. Образование, вештини и здравство. На пример, приоритетни области за подобрување на квалитетот на образованието, намалување на јазот во образовниот процес за ранливите групи, развој на вештини за работни места на 21-ви век или прилагодување на здравствените услуги за населнието кое старее.
  3. Квалитет на институциите. На пример приоритетни области за борба против корупцијата, зајакнување на владеење на правото и промовирање на ефикасност на судството и транспаретност или да се подобри квалитетот на регулативата за конкуренција.
  4. Рурален – урбан развој и одржливост на животната средина. На пример, приоритетни области за зачувување на природните ресурси и намалување на загаденоста и подобрување на подготвеноста за природни катастрофи.

Изберете една тема и пратете го вашиот труд, кој не треба да биде подолг од 5 стандардни страни, на македонски или англиски јазик, најдоцна до 10 ноември 2017 година на Анита Божиновскаabozinovska@worldbank.org

Добиените трудови ќе бидат разгледани од страна на панел составен од вработени во Светска банка кои се вклучени во подготовката на Систематската дијагностика за земјата (Systematic Country Diagnostics) за ПЈР Македонија.

Победниците ќе бидат објавени во втората половина на месец декември, 2017 годинана веб страната на Светска банка за ПЈР Македонија и на Facebook страната на Банката за ПЈР Македонија. Ќе се организира церемонија за доделување награди и сите победници ќе бидат поканети да добијат официјална диплома и мал подарок.

За повеќе информации поврзани со програмата на Светска банка во ПЈР Македонија посетете не’ на www.worldbank.org.mk


Api
Api