Skip to Main Navigation
КРАТОК ИЗВЕШТАЈ 1 Октомври 2018

Консултации поврзани со новата Рамката за партнерство со земјата на Светска банка: 2019-2022

Image

Охрид

 

 

Фотографија: Т. Георгиев/Светска банка


Вовед

Групацијата Светска банка (ГСБ) започна подготвителен процес за новата рамка за стратегија со земјата за периодот 2019 – 2023 година. Процесот вклучува консултации со различни чинители, вклучувајќи ги и владата, меѓународните финансиски иституции, невладиниот и приватниот сектор, со цел размена на гледишта поврзани со можностите за развој на земјата и како Групацијата Светска банка може да помогне во нивно остварување.

Рамката за партнерство со земјата (РПЗ) е стратегиски документ на Светска банка, кој прави нацрт на областите за помош и ја приоритизира поддршката на Групацијата Светска банка во развојната агенда на ПЈР Македонија. Врз основа на наодите од Систематската дијагностика за земјата (СДЗ) и првичните консултации со владините соработници, ГСБ разгледува соработка во три пошироки области: 

  1. Поттикнување на поволно опкружување за конкурентен приватен сектор
  2. Проширување на вештините и можностите за најранливите категории на граѓани во општеството
  3. Подобрување на институционалната, фискална, и одржливоста на животната средина, како и нивна издржливост

За дополнителни детали, ве молиме да ја разгледате следната презентација, како и краткото резиме на Систематската дијагностика за земјата, кои обезбедуваат преглед на главните наоди.

Споделете ги вашите гледишта

Консултациите ќе се спроведат во текот на месеците ноември и декември 2018 година, и тие вклучуваат и состаноци со различни чинители – како владата, меѓународните институции, невладиниот и приватниот сектор, како и онлајн консултации преку анкета.

Целта на онлајн консултациите е да се добие придонес од јавноста и главните чинители околу стратегиските насоки за ангажманот на Групацијата Светска банка во земјата во периодот 2019 – 2023 година. Ве повикуваме да ни помогнете во откривање на вистинските стратегиски цели преку пополнување на следната едноставна анкета: https://www.surveymonkey.com/r/H3KYVMC.

Онлајн процесот ќе биде отворен до 10 декември, 2018 година.

Ве молиме, пратете ги вашите коментари, прашања и предлози на Анита Божиновска на следната маил адреса: abozinovska@worldbank.org или оставете коментар на Facebook страната на Светска банка во земјата: World Bank Skopje Facebook page.