Во периодот од 6-7 мај 2025 година, тим на Светска банка спроведе консултации со претставници од владата, академијата, приватниот сектор, граѓанското општество и меѓународните партнери за прелиминарните наоди од Економискиот меморандум за земјата (ЦЕМ) за раст и работни места за Северна Македонија. Презентацијата е достапна тука.
ЦЕМ е водечка студија за Светска банка за да се разбере економскиот контекст на една земја и да се идентификуваат клучните реформи во политиките и развојните интервенции кои би го поттикнале растот и создавањето работни места.
ЦЕМ за Северна Македонија ги истражува перспективите на земјата за конвергенција со ЕУ, пречките за остварување на растот на приватниот сектор и создавањето работни места, како и дефинирање патишта за зајакнување на потенцијалниот раст преку подобрување на продуктивноста, учество и вештини во работната сила, отвореност на трговијата, конкуренција и усвојувањето на технологии и иновации.
Би сакале да ги слушнеме вашите мислења. Ве молиме доставете ги вашите коментари, повратни информации или предлози пред 15 јуни 2025 година на следната маил адреса: abozinovska@worldbank.org