Горан започна со работа во Банката во 1996 година и од тогаш придонесе за бројни операции во Босна и Херцеговина, финансирани од Банката, како и дефинирање стратегии во земјите од Западен Балкан. Тој го предводеше тимот на Банката кој имплементираше микрофинансиска операција, која беше признаена како меѓународно најдобра практика во поддршка на развојот на одржливата микрофинансиска индустрија.
Тој исто така предводеше и придонесе во операции финансирани од Банката во областите за развој на заедниците, локален развој, социјална заштита и услуги за вработување. Дополнително, тој ги предводеше тимовите кои ја поддржуваа подготовката на стратегиите за намалување на сиромаштијата во Босна и Херцеговина и Црна Гора, и беше коавтор на последните две Стратегии за партнерство со земјата за Босна и Херцеговина.
Горан има завршено постдипломски студии за Јавни политики и управување од Школа за ориентални и африкански студии, Центар за студии по финасиско управување при Универзитетот во Лондон и диплома за политички и меѓународни односи од Лондонската школа за економија – Универзитет Лондон.