Мал паричен надомест значи многу за македонските ученици

15 Јули 2015


Прочитајте каква придобивка има од мал паричен надомест за животите на некои средношколци во Македонија.

16 - годишниот Илбија Садики е ученик во трета година во јавно стручно училиште во Скопје, главниот град на Македонија.

Неговото семејство има мали примања, па затоа добивањето на дополнителни средства за поддршка на неговото школување е од голема помош, вели Илбија.

“Паричните трансфери ги трошам на училишни потреби и прибор. Исто така, ги користам за училишни екскурзии“, вели Садики.

Условените парични трансфери за Садики и други ученици како него се дел од пошироката програма за социјална помош во Македонија, каде јавното образование е бесплатно, но не и останатите трошоци – како што се набавка на училишен прибор – што е  една од причините   учениците  да не посетуваат училиште.

“Лицата кои примаат социјална помош се невработени и тие немаат средства, па затоа програмата претставува поттик за нивните деца да одат во училиште и да го продолжат нивното образование“, вели Соња Арсовска, социјален работник во Скопје, која ги индентификува и регистрира семејствата кои ги исполнуваат условите за добивање на условени парични трансфери.


" Кога ќе завршам средно образование, би сакал да најдам работа во фабрика, каде ќе работам со CNC машинa. "

Илбија Садики

средношколец, Скопје

Image

Поддржани ид паричните трансфери, на илјадници студенти од семејства со низок приход во земјата им е овозможено да стекнат средно образование, со што ќе можат да најдат подобра работа. На сликата, Илбија Садики на час по пракса.

Слики: Светска банка/Анита Божиновска

Преку проектната компонентата за  подобрување на администрацијата на паричната помош, центрите за социјална заштита се директно поврзани со училиштата преку систем за компјутеризирани податоци, за да се обезбеди дека учениците -приматели на помошта се запишани во училиштата и ја посетуваат редовно наставата.

“Бидејќи сме поврзани со сите средни училишта, можеме да следиме дали ученикот редовно ја посетува наставата и ако видиме дека има проблем т.е.ученикот изостанува од часови, го повикуваме него и неговите родители да видиме каде е проблемот“, вели Арсовска.

Околу 7,500 ученици на возраст од 15-19 години – чии родители се приматели на социјална парчна помош – се корисици од проектот за условени парични трансфери, кој е поддржан од Светска банка.


" Лицата кои примаат социјална помош се невработени и тие немаат средства, па затоа програмата претставува поттик за нивните деца да одат во училиште и да го продолжат нивното образование. "

Соња Арсовска Социјален работник, Скопје

социјален работник, Скопје

Image

Дополнителни парични средства им обезбедува на учениците она што им е потребно за да го продолжат нивното образование и да успеат – без притоа финансиски да ги оптоваруваат нивните невравотени родители. На сликата, мајката на младата Бејнур во нивната семејна куќа. 


Садики вели дека, поддржан од паричните трансфери, тој е во можност подобро да учи, што му е потребно за во иднина да најде подобра работа.

“Кога ќе завршам училиште, би сакал да најадам работа во фабрика со CNC машинa“, вели тој.

17 годишната ученичка Бејнур Сума исто така прима паричен надоместок преку Проектот. Таа вели дека дополнителниот надоместок ñ помага да го реализира својот сон да стане економист еден ден.

“Тоа е корисно и за мене и за моето семејство, бидејќи парите ги користам за мене; за училиште или за книги, за моливи или за облека и храна и ми се од голема помош“, вели Бејнур.

Бејнур додава дека со помош на паричните трансфери – и многу учење – таа има се што е потребно за да успее – без финансиски да ги оптеретува нејзините невработени родители!



7,500
студенти чии родители се приматели на социјална парична помош, на возраст од 15 до 19 години се корисници од Проектот за условени парични трансфери
Извор »



Welcome