Зрак светлина – ГЕФ проект за одржлива енергија во Република Македонија

9 Септември 2013




Уште од почетокот на 2011 година, синото небо доби ново значење за Зоран Балевски и Славе Ивановски, како и Република Македонија во целост.  Во земјата има повеќе од 200 сончеви денови годишно, кои овие двајца претприемачи ги впрегнуваат во првата сериозна сончева електрична централа во Република Македонија.

Балевски и Ивановски го расчистија патот во полето на обновливи енергии кога инсталираа повеќе од четири илјади соларни панели во најголемата долина на оваа континентална земја.   Нивната компанија, Мега Солар, доби поддршка да застане на свои нозе од Проект за одржлива енергија финансиран од страна на Глобалниот инструмент за животна средина (ГЕФ) и управуван од страна на Светска банка.

Балевски, управителот на Мега Солар, ги осозна придобивките од сончевата енергија низ неговата работа во Словенија и неговите патувања низ западна Европа, каде од прва рака имаше можност да види како работат електричните централни на сончева енергија и ветерните фарми. Набргу по неговото враќање дома почна да ја остварува својата идеја на претворање на сончевата енергија во реалност во оваа земја изгладнета за енергија.  Со помош на солидно истражување ја избра локацијата на електричната централа на сончева енергија.

Нешто што не е многу познато е дека токму точната комбинација на сонце и температура е тоа што создава најголеми количини на енергија.  Спротивно на општото верување, доколку е премногу топло, производството на електрична енергија се намалува.  Всушност, во првата година од своето работење, Мега Солор произведе најголеми количини на енергија во март, кој е релативно студен месец.

Мега Солар го избра Гермијан, блиску до Битола, вториот најголем град во Република Македонија, по внимателно планирање и проучување на информациите достапни од Заедничкиот истражувачки центар на Европската унија и различните карти на НАТО за земјата. Сепак, ова беше само почетокот.  Тешкиот дел следеше.

„Гледајќи ги работите од ова гледиште, можам да кажам дека изнаоѓањето на добра локација во една земја како Република Македонија беше лесно,“ вели Балевски. „Она што беше исклучително тешко беше да се убедат банкарите да инвестираат во нешто што никој во Република Македонија не го сфаќа сериозно.“

Навистина, потребни беа две години внимателно чекорење низ различни бирократски постапки и чукање на врати за да започне проектот и за да се изгради централата. И покрај очигледната профитабилност на инвестицијата, комерцијалните банки беа скептични и не беа спремни да бидат први кои ќе го поддржат Мега Солар.


" Добивањето помош од Светска банка беше од клучно значење. Помогна да се зголеми довербата и да се намалат каматите кои ги наплаќаат комерцијалните банки.  "

Славе Ивановски

ко-сопственик, Мега Солар

Меѓутоа упорноста се исплатеше.  Балевски и Ивановски стапија во контакт со тимот на Светска банка кој работеше на спроведување на Проектот за одржлива енергија финансиран од страна на ГЕФ и брзо најдоа сигурен партнер како за финансирање така и за советување.  Скептицизмот на комерцијалните банки набрзо се намали по вклучувањето на Светска банка, и набрзо потоа, локалната подружница на Социете Женерал ја одобри инвестицијата и финансираше значителен дел од проектот. По 77 дена интензивно работење на терен, сончевата централа беше поврзана на локалната електрична мрежа, а првите киловати енергија беа испорачани во летото 2012 година.

Електричната централа опфаќа површина од 20.700 квадратни километри и има капацитет од еден мегават.  Произведува 1.650 MWh годишно. Меѓутоа тоа не е сѐ.  Електричната централа исто така служи и како образовен центар за универзитетот во Битола, чии академски персонал ги користи мерењата за своите истражувања, а студентите доаѓаат на образовни посети. Освен тоа, сопствениците на централата планираат да набават и мал инвертер кој ќе се користи за бележење на историски податоци за изложеноста  на сонцето во текот на подолги временски периоди.

МУЛТИМЕДИЈА

Image
1,650 MWh
годишно на електрична енергија се произведува во една електричната централа во Република Македонија
Извор »


МАПА НА ПРОЕКТИ


Welcome