Image

Марко Мантованели

директор за Македонија и Косово, Европа и централна Азија

Господинот Марко Мантованели беше назначен на местото директор за Македонија и за Косово, во рамките на регионот на Европа и Централна Азија при Светска банка, на 1 мај 2016 година. Тој е специјализиран за економски развој, со повеќе од 20-годишно искуство во земјите на Латинска Америка, Африка и Европа.

Тој се приклучил на Групацијата Светска банка во средината на 90-те години, првично работејќи на економски истражувања и анализи во поддршка на дизајн и имплементација на проекти за урбана инфраструктура и општински развој во Боливија и Колумбија. Во текот на неговата кариера, господинот Мантованели бил на различни позиции, и во седиштето и во локалните канцеларии на Банката.

Како лидер на проекти, тој се усовршил во имплементација на програми за подобрување на образовните услуги и зголемување на можностите за образование за сиромашните и недоволно развиените рурални заедници во Латинска Америка и Карибите.

Во 2000 година, тој бил назначен за постојан претставник на Светска банка во Доминиканската република и Хаити, а во 2004 година, во седиштето на Банката во Вашингтон, бил назначен директор на комуникации, партнерство и односи со јавност во одделот за Африка при Светска банка.

Во периодот 2007 – 2011 година, повторно бил назначен за постојан преставник/директор, овој пат во Босна и Херцеговина, а од 2012 година, работел на координација на разни програми во одделот за оперативни политики во Вашингтон, вклучувајќи ги и преговорите за Системот за мерење резултати за време на дополнувањето на ИДА 17 (IDA 17 Replenishment). Во периодот од 2014 – 2016 година, тој управувал со единицата задолжена за обезбедување на квалитет на проектите и во поддршка на услугите за ново формираните глобални практики на Светска банка.

Марко Мантованели е магистер по меѓународни односи и политички науки од Универзитетот во Болоња (Италија) и магистер по меѓународна економија од Џон Хопкинс Универзитетот, училиште за напредни меѓународни студии. Пред работата во Светска банка, тој работел како консултант за економско истражување во Европа и Соединетите Американски Држави.

Контакт за Македонија
Контакт за Косово
електронска пошта


ЕКСПЕРТИЗА
  • Глобална економија
  • Јавен сектор и управување
  • Развој на заедници